Грција ќе инсистира на почитување на роковите за пасошите и регистарските таблички

Грција ќе инсистира на почитување на роковите за пасошите и регистарските таблички

Пристигна грчкото „Охи“ за македонските пасоши. Атина порача дека не само што нема да попушти околу роковите за имплементирање на Преспанскиот договор, туку и ќе инсистира нивно доследно почитување. Како за пасошите со додавката „Северна“, така и со регистарските таблички со додавката НМК.

Овој став на грчката влада, вчера во медимуите го соопшти тамошниот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, а го повтори и денеска пред грчкото собрание, од каде порача оти договорот од Преспа не може еднострано да се менува.

  • „Континуирано истакнувам дека договорот од преспа претставува меѓународен договор. Беше изгласан од грчкиот парламент и како што налага уставот, овој договор има сила над секоја друга законска одредба, што значи дека не може еднострано да се смени од која било од страните.“ – истакна министерот Герапетритис од парламентот одговарајќи на пратеничко прашање.

Тој посочи и дека Нова демократија навремено излегла со ставови за договорот од Преспа, однoсно за точките кои тие ги сметале за проблематични, но истакна дека сега, не може да се модифицира, а Грција го следи доследното и строго почитување.

Сепак, Грција нема испoлнето речиси ништо од договорот. Се уште ги нема ратфикувано трите меморандуми кои ги потпиша со Македонија. Не ги промени информативните табли на кои се уште пишува „ФИРОМ“ или „Скопја“, не го отвори граничниот премин Маркова нога во Преспа.

Герипартитис вели дека тоа зависело прво од строгота имплементација кај нас иако Владата на СДСМ и ДУИ направи дури и повеќе од она што беше предвидено – беа сменети сите документи за внатрешна употреба иако Договорот предвидуваше тоа се прави напоредно со отворање на поглавјата од преговорите со ЕУ, беа променети имињата на сите институции, се брусеа дури и шахти. Очигледно поданичкиот однос на властите во Скопје не е доволен за Атина.

Поданичкиот однос се огледа и во препираката меѓу претседателот Пендаровски и екс-премиерот Ковачевски кои си ја префрлаа одговорноста кој да биде похрабар да ги праша Грците за продолжување на пасошите, па тоа мораше да го направи техничкиот министер за внатрешни работи од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Панче Тошковски, кој уште на првиот работен ден се сретна со грчката амбасадорка, а ги посети и пунктовите за вадење нови документи.

Тој порача оти досегашното раководство во министерството, раководено од кардите на СДСМ, процесот не го испланирале правилно. Тошковски додава дека дури вчера пристигнале 50 илјади обрасци за нови пасоши, а до крајот на месецот уште 250.000. Вели дека со ова темпо за изработка на нови патни исправи, ќе биде потребно уште цела една година.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста