Премиер Aлбанец, ама не технички, туку политички – нема нешто што Aхемти би побарал, а Kовачевски би одбил

Премиер Aлбанец, ама не технички, туку политички – нема нешто што Aхемти би побарал, а Kовачевски би одбил

Не само технички, туку Премиер Албанец кој би терал цел политички мандат после мајските избори, кандидат за претседател исто така Албанец – само небото е граница на се што се подготвени СДСМ и Ковачевски да ветат и дадат само за да го убедат Ахемти на изборите да настапат заедно. Во моделот на заедничи листи на СДСМ и ДУИ, Ковачевски гледа сламка за спас, која би го намалила катасрофалниот пораз кој им го предвидуваат анектите.

Тоа зависи од проекциите кои ги има ДУИ и од она што сметаат дека нив би им донело поголема поддршка како што беше сега ова со премиер албанец во последните 100 дена. Можеби сега ќе има ветувања дека следната влада ќе има премиер албанец или дека можеби следниот кандидат за претседател кој би го предложиле заедно ќе биде исто така албанец. Ќе видиме, може само да нагаѓаме со оглед на креативноста на ДУИ верувам ќе им текне нешто што досега не се случило, вели Божиновски за Алфа.

Апетитете на Ахмети во монетов се огромни. Во некој случај да се задржат на власт, тој не би барал само некое министерство плус, туку би целел многу повисоко, бидејќи интегративците би сакале да добијат нешто што досега го немале, а тоа се малку работи. Ахемти би барал, но предлогот би дошол од Ковачевски да не изгледа дека е уценет.

ДУИ во 2020тата кога коалцираа со СДСМ добија се и сешто, од огормен број на минситри, дури и повеќе од самите социјал-демократи, измислена функција за прв вицепремиер, па дури и ново министерство за политчки систем со кое раководи Груби, па се до технички премиер од редовите на интегративиците. Сега се очекува ДУИ да се надмине во своите барања.

Според Божновски стратегијата на СДСМ и ДУИ да одат заедно на изборите е погрешна, затоа што тоа нема да смени нешто драстично во конечниот исход од гласањето, односно пораз на сегашната владејачка гарнитура.

Целта на СДСМ е да даде повеќе надеж на нивните избирачи, затоа што со оглед на моменталната ситуација перцепцијата на народот е јасно изразена во однос на идниот победник на изборите, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ. Доколку оди СДСМ во коалиција со ДУИ, тогаш можеби се надеваат дека ќе има одредена промена на перцепцијата пред се кај нивните потенцијални, а со цел да ги излезат и да ги гласаат. Ништо важно нема да смени тоа во однос на она што го предвидуваат анкетите за број на пратенички места, вели Божиновски за Алфа.

Дури и да се решат заедно да одат, штета ќе претрпи само СДСМ, пред се во бројот на пратенички места, зата што ДУИ би инистирала нивните кандидати на листите да бидат на високите добитнички места.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста