Eкс-директорот на Онкологија, Нино Васев сведочеше пред Анкетната Комисија

Eкс-директорот на Онкологија, Нино Васев сведочеше пред Анкетната Комисија

Многу прашања, малку одговори. Ниту поранешниот директор на Онкологија Нино Васев немал информации за крадењето на биолошка терапија од страна на вработени во клиниката. Екс-директорот доби бројни прашања од пратениците во Анкетната комисија, но речиси на ниту едно од нив не даде конкретен одговор. Дали и кој му дал согласност за хоасот што владеел со години на Клиниката, дали во негово време имал информации за лекување со физиолошки раствор, дали се лекувале починати пацинети и зошто КАТО системот не бил во функција. Ова беа некои од прашањата на кои наместо одговор, Васев се правдаше дека правел се во негова моќ пацинетите да ја добијат потребната терапија во вистинско време. 

Пратениците му поставија прашања на Васев и за извештајот на Државниот завод за ревизија и нотираните забелешки, како и за набавките на лекови на реверс, веледрогеријата Пановски  и отсуството на стручен Колегиум.

Досега на Анкетната комисија повикани беа и сведочеа бројни сегашни и поранешни министри за здравство, претставници на Фондот за здравство, Државниот здравствен и санитарен инспекторат, МАЛМЕД.Оваа недела ќе се појават како сведоци и бројни вработени на Клиниката за онкологија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста