Една третина од Македонците земаат антибиотик на своја рака, тренд кој на долг рок е многу опасен
По еден антибиотик годишно, во просек пие секој Македонец. Дури 1.423,504 рецепти за антибиотици се издадени во 2023 година,покажуваат статистиките на е- здрваство. Но бројката е поголема, СЗО предупредува дека дури 1/3 од Македонците земаат антибиотици без лекарски рецепт, тренд кој на долг рок е многу опасен.
Прекумерната употреба на антибиотици опасно ја поткопува нивната ефикасност и ја зголемува отпорноста која може да биде одговорна за 10 милиони смртни случаи годишно во светот до 2050 година, алармираат од СЗО.
Епидемиологот Драган Даниловски вели дека од 95% од сите респираторни инфекции се предизвикани од вируси и дека при вирусна инфекција употребата на атибиотик дава само контра ефект.
-Антибиотик врз вирус не делува. Ако не делува, тој антибиотик ќе најде жртва во организмот која што ќе му биде на дофат, тоа се добрите цревни бактерии кои ги компромитира, масакрира особено ако почесто се дава, објаснува Д-р Даниловски.
Токму цревните бактерии, објаснува епидемиологот Даниловски, се централата од каде што се регулира имунолошкиот систем.
-Од нивното здравје зависи каква ќе биде имунолошката реакција за одредена вирусна инфекција. Ако вие централата ја компромитиравте, ако тоа сте го направиле вие сте го ослабнале и имунолошкиот систем.
Загрижува податокот што ваков начин се создава резистентност на бактериите на одредени антибиотици. А Македонија е на врвот во Европа по пронајденни т.н. резистентни бактерии.