Еден крст го урна едното општество на Ахмети: ДУИ жестоко се крена против верско одбележје на Попова Шапка

Еден крст го урна едното општество на Ахмети: ДУИ жестоко се крена против верско одбележје на Попова Шапка

Едното општешство на ДУИ го урна еден крст. Покрај сите дивоградби кои со години се градат на Попова Шапка, партијата на Али Ахмети реши жестоко да се крене против одбележје, крст, поставен во двор на црквата Свети Наум Чудотворец на Шапка.

Поставувањето на крстот стана причина ДУИ тензично да реагира, а само пред извесно време, токму Ахмети постави споменик со мапа на Голема Албанија, во Музеј во чест на УЧК.  

-Дали поставувањето на овој крст е нешто претходно договорено меѓу Беса на Билал Касами и ВМРО ДПМНЕ, услуга чувана во тајност од граѓаните за помошта што ВМРО ѝ ја понуди на Беса на локалните избори за Општина Тетово?, прашуваат од ДУИ.

Несфатливо е што проблем за владејачката партија стана еден крст, одбележје на третина од градот Тетово.

Тука зад мене во дворот на црквата Свети Наум Чудотворец е крстот кој што стана причина за жестока реакција на владејачката партија ДУИ, тој е поставен на планината Попова Шапка над градот Тетово, каде што живеат 35,29 проценти православни граѓани. 0132 01

Во меѓувреме и БЕСА се произнесе. Не прифаќале поставување на крст на Шапка и ќе барале негово отстранување.

-Ние како Движење БЕСА со највисока одговорност изјавуваме дека немаме никаква врска со поставувањето на крстот и нема да прифатиме поставување на крстот во „Попова Шапка“, велат од БЕСА.

За разлика од политичарите, граѓаните со друг став. Алфа ги запраша тетовци дали им пречи крстот и дали според нив е нормално политичари вака да реагираат поради поставување на верско одбележје. Оние кои сакаа да зборуваат пред камера кажаа дека крст не им пречи, други пак едноставно избегаа, трети не знаеле да говорат македонски.

Реагираше и директорот на Агенцијата за односи со верските заедници. Не гледа ништо проблематично во поставувањето на крстот и прашува дали ќе се реагира за сите други дивоградби на Попова Шапка.

За разлика од многубројните објекти, на катови и со оградени дворови на државно земјиште, Крстот е поставен на манастирски имот и прашање е дали било каде во земјава за поставување на крст во двор на манастир некој дал дозвола. Крстот е верско обележје. Што правиме со многуте објекти профани и сакрални изградени на државно земјиште? Ете, на Попова Шапка такви има насекаде. Зошто за ниту еден од нив до сега не заседаваше вонредно Советот?, пишува Даријан Сотировски.

Ваквата реторика на ДУИ доаѓа на само половина година пред претседателските и парламентарни избори и на еден начин го руши концпептот едно општество за сите, кој што сите функционери на интегративците се обидуваат да го промовираат цело време.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста