Иако вети дека ќе ги намали, власта нема конкретен одговор за функционерските плати

Иако вети дека ќе ги намали, власта нема конкретен одговор за функционерските плати

Власта се фали дека со буџетот за 2024 година платите за функционерите нема дополнително да поараснат, но дали воопшто и ќе се намалат не кажува. Во буџетот за наредната година пресметани се платите на сите функционери со зголемувањето од 78%, иако повеќепати власта најави дека со законски измени ова ќе се промени. Министерот за финансии и натаму уверува дека зголемување нема да има, но проблемот е што тоа што тој го кажува се однесува на дополнителното зголемување согласно растот на

Во Буџетот нема предвидено средства за зголемени плати, во март наредната година согласно тоа ќе се направат соодветни измени

Кога ќе сње корегираат платите кои пораснаа за 78% Бесими конкретно не кажува. Тврди дека работната група работела, и толку. Но уверува дека не го планирале дополнителното усогласување за да дадат сигнал дека во Владата се работи . Министерот нема ниту план што ќе се прави со парите кои се планирани за оваа намена доколку тоа воопшто се случи

Има работна група која ќе направи предлог решение и ќе го достави до Владата , а она што законот го предвидува не се предвидени пари .  Ќе има конкретен одговор, денес не можам да ви одговорам конкретно .

Бесими денеска не сакаше да зборува премногу за платите, отуи поважно било тоа што можеби ќе добиеме околу една милијарда евра од планот за економски раст на Европската комисија. За тоа да се случи, потребно е да се исполнат низа реформи кои Брисел допрва треба да ги утврди заедно со македонските власти. Рокот за ова е три месеци.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста