ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ го поскапеа животот во Македонија, потрошувачката кошница за март изнесува 59.000 денари или три минимални плати

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ го поскапеа животот во Македонија, потрошувачката кошница за март изнесува 59.000 денари или три минимални плати

Потрошувачката кошница за само еден месец поскапе, за дополнителни 1500 денари, или за едно четиричлено семејство, само за да се прехрани, за еден месец му се потребни 59.000 денари.

ВМРО ДПМНЕ во утринското соопштение обвини, дека, владата на СДСМ и ДУИ го уништи животниот стандард на граѓаните, затоа што на едно семејство, за да може да го преживее месецот, му се потребни, три минимални плати.

-Со катастрофалните политики на власта на СДСМ и ДУИ, се зголемија цените на основните прехранбени производи, а граѓаните секојдневно, се соочуваат со нови ценовни шокови. И додека СДСМ се фали со покачените плати, над 600.000 наши сограѓани живеат со 150 денари на ден, а Ковачевски, кој зема 2500 евра апанажа, дневно може да троши 83 евра.“, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста