ЦГК: Склучени договори за јавни набавки со само една понуда, за половина година „тешки“’ 283 милиони евра

ЦГК: Склучени договори за јавни набавки со само една понуда, за половина година „тешки“’ 283 милиони евра

Одлуки без образложенија, нетранспарентност, правна несигурност, распространета корупција, доделување тендери без конкренција, арчење народни пари… За половина година лани, во постапки за јавни набавки во кои учествувала само една фирма, биле склучени над пет илјади договори со вкупна вредност од 283 милиони евра –  Ова се резултатите од мониторингот на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК). Растат сомнежите дали се почитуваат законските норми и објективно се делат тендерите. Најкритично е во здравството, каде без конкуренција, за две годишна набавка на инсулин и глокагон се потрошиле 28 милиони евра.

  • Со отсуство на конкуренција, склучени се 5.045 договори во вкупна вредност од 283 милиони евра. Во првото полугодие од 2023 година намален е и просечниот број на понуди на сите постапки за јавни набавки и изнесува 2,8, наспроти 3, колку што изнесуваше во 2022 година. Отсуство на конкуренција е особено загрижувачки во областа каде што се трошат значаен дел од јавните пари, а тоа е здравството“ се наведува во Извештајот.

Не помалку скандалозни тендери во четири очи склучувале и државните електрани, кои потрошиле 11 милиони евра за првото полугодие лани. Веќе е познато дека Владата често префрла пари за капитални ивнвестиции, а се користат за покривање на загубите на ЕСМ.

  • Во нетранспарентната постапка со преговарање без претходно објавување оглас, во првото полугодие од 2023 година склучени се договори во вкупна вредност од околу 11 милиони евра. Дури 91 % од овие договори се склучени во преговори со само една фирма. Најголема вредност на овој вид договори има АД Електрани“ се вели во Извештајот.

Набавките течеле без да се одговори на прашањето „колку“, а се плаќало од народните пари.

  • Во значаен дел од постапките не се утврдуваат количините на она што се набавува, со што, на штета на буџетските пари, се оневозможува фирмите да понудат пониски цени за поголеми количини на набавка. Ваквиот пристап овозможува и манипулација и злоупотреби во фазата на реализацијата на договорите“ стои во Извешатајот од мониторинг на јавните набавки на Центарот за граѓански комуникации.

Цанторот за комуникации забележува и дека секторот за контрола во Бирото за јавни набавки, наместо да се зголемува, се намалува. За три години, бројот на вработени во овој сектор, бил намален од 12 на 8 вработени.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста