Член на „ICSID“ за Алфа: Битиќи може да биде разрешен од Светската Банка поради тоа што е политичар

Член на „ICSID“ за Алфа: Битиќи може да биде разрешен од Светската Банка поради тоа што е политичар

Политичката позадина на Фатмир Битиќи може да биде причина тој да биде разрешен од арбитражното тело на Светската Банка, вели за Алфа црногорскиот адвокат и член на ова тело, Александар Ѓуришиќ. Според него секој член мора да биде независен кога е во прашање политичката функција.

-Согласно со Резолуцијата членовите мораат да бидат независни. Независни од Владата, односно државата и пред се партијата. Независноста е и основ за престанок на мандатот. Се тоа стои во Резолуцијата за престанок на мандатот која е усвоена од 170 земји, изјави Ѓуришиќ за Алфа.

Ѓуришиќ вели дека поради судирот на интереси, доколку одреден бизнисмен одлучи да ја тужи македонската Влада пред ова арбитражно тело, Битиќи не би бил во можност да одлучува во овој спор.

Значи имајќи ја предвид резолуцијата, поради бараната независоност, покрај другото арбитерот не може да ја застапува својата држава, ниту инвеститорот кој е во спор со неговата Влада, бидејќи не би имало гаранции дека би бил објективен. Дневницата е 3.000 долари, плус надокнада за трошоци, вели Ѓуришиќ.

За разлика од овие тврдења на членот на арбитражното тело, за македонската Влада немало ништо спорно во предлогот Битиќи да биде член за потенцијални 500 долари од час, доколку биде избран да одлучува во одреден спор. Од Илинденска оваа одлука ја правдаат со тоа дека Битиќи бил високо морална личност. Инаку во Резолицијата на ова тело стои дека тоа треба да биде деполитизирано.

Инаку, за секој час работа доколку биде ангажиран, на сметката на Битиќи ќе легнат 500 долари, додека пак 250 долари по час му следуваат и за времето додека е во авион и патува кон централата на Светската Банка. Ако случајно и во авион има некаква активност поврзана со ова тело наместо 250, ќе добие по 500 долари за еден час.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста