Граѓаните не веруваат дека има политичка волја за намалување на функционерските плати

На неколку месеци пред пред избори , на  власта и текна да бара начин како да ги намали платите .  Откако половина година сметките на функционерите  се полнат со 78 отсто покачените примања , сега во Владата анализираат , калкулираат и се консултираат како да спроведеле законско решение за  плати на избрани и именувани лица .   

Шест месеци прашања од јавноста кога и дали ќе си ги намалат платите, одговорот секогаш беше ист : Потребен е нов Закон за намалување на платите . Сега пак, требало да се сменат седум закони кои не можеле да одат со европско знаменце оти тоа ќе било противустано, иако досега во Собранието на брза лента поминаа скандалозни закони како кривичниот законик, законот за амнестија па и пакетот закони за „ Бехтел и Енка  “ .

Намалувањето на платите е чиста фарса, сметаат граѓаните. Тие немаат доверба во функционерите дека навистина ќе ги намалат платите , и ако го направат тоа ќе биде само за да купат социјален мир и оти се ближат избори.

Според последното зголемување на платите со одлуката на Уставниот Суд на избраните функционери, им се покачи  платата за 78 проценти, а доколку  не донесат поинаков закон  согласно растот на просечната плата од вгодина ќе земаат плус  околу 400 евра.  Инаку, во моментов најплатен е собранискиот спикер Талат Џафери заработува 166 илјади месечно , а илјада денари помалку Пендаровски .  Од вгодина според актуелниот закон Пендаровски  со 33 години работно искуство  би земал  190 228 денари .

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста