Нова закана за ДУИ – ќе се формира македонска верзија на косовско „Самоопределување“?!

Нова закана за ДУИ – ќе се формира македонска верзија на косовско „Самоопределување“?!

Албанскиот опозициски фронт не е единствената закана за уривање на моќната ДУИ. Македонска верзија на „Самоопределување“, партијата на косовскиот премиер, наскоро ќе се формира и во Македонија, а таа може да земе голем број од симпатизерите на Али Ахмети.

Некои медиуми веќе објавија дека не е исклучена можноста оваа партија да учествува и на претстојните парламентарни избори, но се уште не се знае ниту како ќе изгледа правната форма на политичкиот ентитет.

Според дел од медиумите веќе започнале активностите за формирање на правно лице кое произлегува од движењето во Косово, кое ќе се регистрира во Македонија.

Веќе започнале активностите за формирање на правно лице кое произлегува од движењето во Косово, кое ќе се регистрира во Македонија. Се очекува да го предводи Беким Ќоку, советникот за односи со Македонија на косовскиот премиер Албин Курти, како и поранешниот дипломат и поранешен кандидат за претседател на Македонија, Блерим Река – пишува „Фронтлајн“.

Курти летово беше во посета на Скопје и Тетово. Тој не се сретна со никој од државниот врв, ама беше топло пречекан од лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, градоначалникот на Тетово и прв човек на БЕСА, Биљал Касами, градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу и Изет Меџити.

Познавачите пак коментираат дека македонската варијанта на „Самоопределување“ може да постигне голем успех, бидејќи само политиката на Курти би го натерала апатичниот Албанец да излезе и да гласа.

Курти е единствен албански лидер кој во Македонија ќе може да го поттикне апатичниот албански гласач кој со години не излегува на избори. Овде има многу албански семејства кои што имаат косовско потекло и едвај чекаат да дојде некој како Курти за да му дадат поддршка. Тоа ќе значи голем ризик за ДУИ. „Самоопределување“ неколку години се спомнува дека ќе се формира.– вели аналитичарот и новинар Џенур Исени.

Голем дел од експертите сметаат дека партијата на Ахмети пука по сите шавови. На ДУИ, која е две децении на власт, како никогаш и се заканува пропаст. Најмногу тоа се докажа со отцепувањето на дел од членството кое се организираше во ново движење – партијата на Изет Меџити. Коалицијата може да извиси и од страната на Алијанса за Албанците која иако влезе во Владата, се повеќе покажува разочараност од политиките на своите партнери бидејќи и таму се случува таен раздор.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста