Бојан Маричиќ во светот на бајките?- Годинава била многу успешна на дипломатски план

Бојан Маричиќ во светот на бајките?- Годинава била многу успешна на дипломатски план

Во светот на бајките на Илинденска нема приказна за поразот на македонската надворешна политика. Македонија го доби еден од најкатастрофалните  извештаи од ЕК во кој јасно беше наведено дека цвета корупцијата и нема владеење на правото, не испорачаа уставни измени како што ветија, а од идната бугарска премиерка Марија Габриел добија порака, дека Бугарите во устав нема да бидат последна пречка од официјална Софија. И покрај ова за вицепремиерот Бојан Маричиќ 2023-та била една од најдобрите на дипломатски план, успеале да ја придвижат државата кон ЕУ.

-Имавме една многу успешна година, со успешен скрининг, верификуван од сите, од Европската комисија, од државите членки и од сите, имавме држава во која што направивме вистински институционален и државен подвиг, прв после 2005-та година кога го добивме кандидатскиот статус и на тоа треба да бидеме горди и да си честитаме без задршка. Во однос на темите од извештајот, сите забелешки на извештајот ги прифаќање, изјави Маричиќ.

Сепак Маричиќ поинаку ги толкува пораките од Софија. Според него Бугарија после уставните измени немало повеќе да не блокира, ама можеле да не блокираат другите држави и тоа речиси на  сите полиња. Со реформите и негативните оценки од ЕУ, успешно ќе сме справувале по влегувањето на Бугарите во Устав.

-Тоа не значи дека под некои други прашања, други држави членки ќе отворат некои теми, дали тоа ќе биде животна средина, дали тоа ќе биде земјоделие, бидејќи знаете има многу теми каде што државите си ги бранат интересите на различни теми, на различни начини. Некоја држава има интерес во земјоделието, некоја има интерес во владеењето на правото, некоја има интерес во транспортната политика итн. И тоа е за очекување, меѓутоа затоа постојат преговорите, за во тој период од 4-5 години, вие ги надминете сите отворени прашања, изјави Маричиќ.

И додека власта постојано како на лента повторува за уставните измени, Брисел отворено ни кажува дека рабтите во Македонија не чинат. Амбасадорите на Холандија и Шпанија јасно ни укажаа  на тоа. Јан Коп ни порача сериозно да се зафатиме со борба против  корупцијата и реформи ви правосудството, кои се темелни вредности на ЕУ, доколку сакаме да помислиме на членство. Хозе Луис Лозано Гарсија пак ни порача дека морало да ни биде јасно дека уставните измени нема да ни бидат последна пречка на европскиот пат.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста