Курти го крена Ахмети на нозе: Подршката за албанската опозиција сериозна закана за учинокот на ДУИ на изборите

Курти го крена Ахмети на нозе: Подршката за албанската опозиција сериозна закана за учинокот на ДУИ на изборите

Курти ја рамрда ДУИ. Со тоа што јавно даде поддршкана албанската опозиција, Ахмети е пред сериозен предизвик, а овие избори ќе бидат финален тест за тоа  дали интегративците сеуште се во политичка форма и ја имаат моќта која со себе ја носат 20 години.

Дел од аналитиачрите велат, јасна е поддршката од  ксовскиот премиер која ја дава на обединетата албанска опозиција, но таа не е пресудна. Според познавачите  албанскиот електориат ќе гласа за опција која е против корупција, а не учесник во истата.

Што се однесува на популарноста или поддршката на Албин Курти кај албанците во Македонија, таа е рамномерно распределена низ сите партии. Така добар дел од членството на ДУИ има длабоки симпатии за Курти и за Самоопределување, но не се толку гласни во нивното искажување, како албанската опозиција, да речеме. Затоа единствената закана од Самоопределување е за олигарските кругови и вечните функционери на ДУИ за кои албанците имаат негативен став, без оглед на тоа, дали Самоопределување ќе учествува или натпреварува на идните избори, вели за Алфа, Фејзи Хајдари – аналитичар.

Хајдари вели дека пормената ќе ја донесат неопределените , кои се мнозинство во албанскиот блок, а со овие кадри на ДУИ се помалку е веројатно дека тие би глаасале за партијата на Ахмети.

Да не заборавиме дека на послените локални избори ДУИ имаше масивен одлив на гласови и тоа без никакво дирекно или индирекно учество на Курти, туку поради политиката на ДУИ да се нааслонува на компромитирани кадри.За очекување е дека опозицијата ќе добие огромна поддршка токму од тоа тивко мнозинство на неопределени гласачи, а Курти и Самоопределување може само да го засилат тој тренд и да ја окрупнат поддршката за опозицијата предводена од Изет Меџити, вели за Алфа, Фејзи Хајдари – аналитичар.

Во неделата, неформалниот лидер на албанската опозиција соопшти дека Косовската партија „Самоопредеување“ влегува на изборите во Македонија. Меџити објаснува дека поединци кои дејствуваат во косовската партија ќе се најдат на парламентарните листи, а некои веќе и биле дел и од македонската политичка сцена.

Македонските закони не дозволуваат учество на странска партија, но кандидат за пратеник може да биде секој кој е државјанин на Македонија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста