Љупчо Коцевски го мина првиот филтер за нов републички јавен обвинител, Фетаи и Раичевиќ отпаѓаат од игра

Љупчо Коцевски го мина првиот филтер за нов републички јавен обвинител, Фетаи и Раичевиќ отпаѓаат од игра

Советот на јавни обвинители, со пофалби, позитивно го оцени само Љупчо Коцевски во изборот за наследник на Љубомир Јовески. Фатиме Фетаи отпадна од играта уште на самиот почеток оти не доставила потврда за деловна способност, а Лидија Раичевиќ немала организациски способности за функцијата републички обвинител.

  • „Искажувањата на членовите беа, дека се работи за кандидат има долгогодишно искуство, кој стручно ја извршува својата функција“ вели Димитриевска – Претседател на Совет на ЈО.

За Коцевски јавноста нема слушнато многу. Тој лани во јануари од Гостиварското обвинителство премина во републичкото за сега да биде единствен кандидат –наследник на Јовевски.  

За реформи кои ќе бидат суштински, а не козметички се залагаше, Лидија Раичевиќ која во кандидатурата доставила и стратегија за работа што не ги убеди членовите да и дадат зелено светло.

  • „Членовите на Советот, ги разгледаа биографиите, движење во кариерата на пријавените кандидати, и лично ги познаваат, така да сите имаа различно мислење. Секој има право на свој глас, а мнозинството одлучува“ вели Димитриевска – Претседател на Совет на ЈО.

Раичевиќ во изјава за Алфа вели не се чуствува разочарана, ја почитува одлуката но се надева дека зад негативното мислење стојат аргументи.

  • „Аргументите не сум ги слушнала, но новинарите ги слушнале, може да ги пренесете во јавноста па стручната јавноста може да цени. Не постои разочарување или било каков негативен став кон оваа постапка“ вели Раичевиќ – Јавен обвинител во Скопско Обвинителство

Екс специјална обвнителка Фатиме Фетаи, не доставила потврда за деловна способност па оттука членовите не можеле да се произнесат за нејзината кандидатура. Таа останува на ставот дека ги исполнува сите законски услови за да биде јавен обвинител на државата. Фетаи преку изјава за Алфа му порачува на Советот да ја преиспита ваквата одлука:

  • Убаво би било Советот на јавните обвинители уште еднаш да ја преиспитаат својата одлука. Познавањето на македонскиот јазик и уверение за деловна способност се општи услови, кои се подразбира дека ги исполнуваме уште кога сме избрани за обвинители. Доколку не ги исполнуваме овие два услови воопшто не би можеле да работиме како обвинители“, изјави Фетаи.

Процедурата за назначување нов јавен обвинител преминува во Владата, која Коцевски како единствен кандидат со позитивно мислење треба да го достави до законодавниот дом. Пратениците, со 2/3 и бадентероово мнозинство, го имаат последниот збор, дали Коцевски треба да го наследи доскорешниот републички обвинител Јовевски.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста