Мицкоски: Како од два тони марихуана во Јосифово, на крајот се пронајдени само стотина килограми марихуана во Арачиново?

Во денешното издание на дебатната емисија “Студио 10” гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој зборуваше за матните зделки на соработниците на Зоран Заев и пронајдените над 2 тони марихуана.

Мицкоски истакна дека е чудно што пред само два дена во Јосифово биле украдени над 2 тони марихуана во камион, а потоа фамозно да исчезнат речиси 1.8 тони и да останат само стотина килограми, кои пак се пронајдени во Арачиново.

-Прв сомнителен момент е тоа што МВР речиси два дена немаше никаква изјава или соопштение за овој случај, а уште помалку ги обзнани инволвираните во случајот. Но знаејќи ги релациите на струмичките шверцери со оние во Арачиново, лесно можеме да ја поврземе паралелата на соработка”, додаде Мицкоски.
Срамота е во една земја како Република Македонија која е претендент за членка на ЕУ, секојдневно да се среќава со скандали и криминали од ваков тип, па дури и поголеми од овие. Тоа покажува дека општеството е труло и искорумпирано до максимум, а главен виновник за тоа е Зоран Заев, истакна Мицкоски.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

Авто нацрт

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

Осомничениот командир на прилепската Полициска станица за вмешаност во трговија со дрога, пуштен во домашен притвор

Пред четири месеци, осомничениот и уапсен командир на прилепската Полициска станица за инволвираност во трговија со дрога, во вредност од 800.000 евра, при големата акција која се случи на Плетвар, со асистенција од американската ДЕА, веќе трет ден се наоѓа во домашен притвор. Според одбраната на осомничениот, судија на претходна постапка, а согласно досегашниот тек на истрагата и прибавените докази, донел одлука за замена на притворот со куќен притвор без никакви посебни мерки, освен забраната да не го напушта живеалиштето.

„До 8-9 септември треба да има и Одлука. Јас очекувам дека нема да биде продолжен притворот, бидејќи нема ни основа. После 8-ми, ако не и претходно, ја чекаме одлуката од ОЈО дали ќе ја запре истрагата за него или не. Ако ја запре истрагата, значи дека тој си е чист“, – ни изјави Жаре Стеваноски, адвокат на осомничениот командир Кире Спиркоски – Чипсио, притоа додавајќи дека ако се докаже невиноста на осомничениот командир, не е исклучена можноста да следат и соодветни кривични пријави за незаконската постапка.

Во меѓувреме, како што веќе информираше Алфа, мнозинството советници од владеачката партија на вонредна седница на Советот на општина Прилеп, на почетокот од месецов, на незаконски начин, се обиде да назначи нов командир на ПС-ОН, и покрај тоа што претходниот не беше разрешен, а работното место му беше ставено во мирување. Ова Решение на Советот, по укажувањето на правните експерти дека е флагрантно кршење на Законот за Полиција и дека повлекува кривична одговорност, градоначалникот Илија Јованоски одби да го потпише, па во еден краток период ПС во Прилеп, беше единствената станица со двајца командири. По ова, како што дознава Алфа, министерот за Внатрешни работи кој го има дискреционото овластување да разреши командир, итно реагирал и го разрешил стариот и во моментов осомничен командир, а работното место му е останато во мирување се’ до завршувањето на кривичната постапка која се уште се води против него.

Познавачите на состојбите велат дека сета оваа „игранка“, најверојатно се случувала заради престојните избори, односно дека некој сакал итно да го „тргне“ стариот командир и да го назначи новиот, што не било и чудно, ако се имале предвид се’ поочигледните чистки помеѓу моќни крила во партијата на власт.

Инаку, во големата акција на Плетвар, која се случи на 9-ти април годинава, освен командирот на прилепската ПС, уапсени беа уште пет други лица. Помеѓу нив бил и возачот на братучедот на премиерот, Трајче Заев, Александар, тврдеше тогаш опозицијата.

Каролина Дурло

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

Авто нацрт

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

Авто нацрт

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

Авто нацрт

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

Авто нацрт

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

Авто нацрт

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

Цветковски: Ацо Велковски им се заканува на жителите на Лозово со бркање од работа

Притисоци и уцени, под ваква пресија деновиве живеат жителите во   Лозово, тврди кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Бошко Цветковски. Вели се поголем е бројот на дојави од граѓани кои се жалат дека актуелниот градоначалник Ацо Велковски ги уценува со сопирање на социјална помош, субвенции или бркање од работа. Со ваквата тактика, градоначалникот само ги потврдува зборовите на Заев, кој пред извесен период јавно го скара и му порача да не се прави локален шериф, објаснува Цветковски.

  „Во првиот изборен круг имавме некакви дојави дека гласачите се приморани на некаков начин да го обележат ливчето и нивните набљудувачи да знаат за кого гласаат. Ливчињата се превиткуваа нанадвор, на десен агол, на лев агол и на тој начин да бидат преплашени да мора да го дадат гласаот за него . во периодот додека трае изборниот процес градоначалникот има една јасна визија  или си со мене или против мене„изјави Цветковски. 

  Цветковски тврди дека  во предизборната машинерија е вклучена целата општинска администрација, а општинската зграда е претворена во штаб на СДСМ. Едно работно место се ветува на пет –шест лица, под рака се делат картички за зелена нафта,  а на вработените им е строго забрането да учествуваат во кампања на неговите опоненти. Испратени се преставки и до Антикорупциска.

  „Во сабота, во недела, за викенд по завршување на работното време градоначалникот си го користи возилото за да агитира и сметаме дека со истото врши и поткуп. Општината функционира и по завршувањето на работното време, со тоа што е отворена постојано и функционира како штаб на СДСМ„ –изјави Цветковски. 

Се манипулира со популистички проекти за кои се нема дозвола. Преку ноќ се поставуваат табли за изградба на водоводна мрежа, а учениците се користат во предизборен маркетинг. Деновиве инспекции во врат му дишат и на независниот кандидат кој јавно ја дал поддржката за Цветковски. Сепак најголем проблем ќе преставува изградбата регионална кафилерија, проект што ќе се реализира доколку Велковски остане на власт, објаснува Цветковски.

  „Самиот проект од 9,5милиони евра зборува дека некој смета дека тука ќе извади провизија и затоа е борбата во Лозово, заради провизијата„-изјави Цветковски 

Алфа проба да стапи во контакт со Велковски, но безуспешно. Тој не одговори на нашите повици. Велковски се бори за втор мандат. Од првиот мандат  ќе остане запаметен како градоначалник кој најмногу отсуствувал од работа, по тоа што од работа избрка бремена жена, по неостварените ветувања што и ги даде на Атиџе , но и по наградната игра  кога главната премија- електрично шпоре што ја доделува општината се падна токму на неговата ќерка. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста