И СИНОЌА ПРОТЕСТИ И НЕМИРНА НОЌ ВО АЛБАНИЈА, МИНИСТЕРОТ ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА

Во Тирана,синоќа, се одржа вториот протест поради убиството на 25-годишнот Клодјан Раша од страна на полициски службеник.

Протестот почна идентично како и во средата, пред Министертвото за внатрешни работи каде учесниците ја откорнаа железната ограда и почнаа да фрлаат железни шипки и пиротехнички средства врз кордонот полицајци. Протестот продолжил пред  Министертвото за финансии, каде биле оштетени влезната врата и многу прозорци, a завршил пред албанската влада..

Освен повеќе од 800 полициски службеници, мораа да интервенираат и припадниците на специјалните полициски единици. Засега нема информации колку демонстранти и полицијци се повредени. Протести освен во Тирана имаше уште во неколку албански градови.

Во време кога почна протестот во Тирана, премиерот Еди Рама информираше дека министерот за внатрешни работи Сандер Лешај поднел оставка, но оваа вест не влијаеше многу врз демонстрантите.