Судир на интереси во извршната и локалната власт – борбата со корупцијата е тешка

Судир на интереси во извршната и локалната власт, непотизам, непродуктивни буџетски трошоци – со извештај од нивните случаи, Антикорупциска го одбележа Меѓународниот ден за борба против корупцијата.

Државната комисија за спречување на корупција постојано предупредува, но нема кој да слушне. Дадени се еден куп препораки, но институциите си тераат по свое. Од нивните случаи може да се забележи дека во земјава станува пракса злоупотребување на функцијата за назначување директори, претседатели, членови на комисии.  Големи трошоци од буџетот за апанажа, патни трошоци, службени возила, злоупотреба на платежните картички во странство се само дел од наодите на антикорупциска.

Подготвивме анализа за непродуктивните буџетски трошоци, со која ги опфативме трошоците за за апанажа, патни трошоци, службени возила, злоупотреба на платежните картички во странство. Во овој период издадовме повеќе мислења, јавни опомени, за постоење судир на интереси во извршната и локалната власт. Во последно време се почесто укажуваме и на злоупотребата на функцијата в.д директор – вели Билјана Ивановска – претседател на ДКСК.

ДКСК ги презентираше и случаите за време претседателските и локалните избори. Наодите и препораките кои излегле од тој извештај се дека мерките на Владата кои ги презела во изборниот период не биле во духот на доброто владеење.

Според амбасадорот на ЕУ во Македонија, борбата против корупцијата не може да биде задача само на јавните институции.

Во моментов ЕУ обезбедува поддршка на Државната комисија за спречување на корупцијата со цел да се зајакне интегритетот, транспарентноста и отчетноста на јавните институции. Меѓународниот ден за борба против корупцијата нè потсетува дека тоа е одговорност за целото општество што бара акција и одлучност од сите нас – изјави амбасадорот на ЕУ во Македонија, Дејвид Гир.

Антикорупциска предупредува дека борбата против корупцијата треба да ја водат сите нивоа во општеството, а само со добра организација, може да покаже видливи позитивни резултати.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста