Докторите заминуваат, онколошките пациенти во страв, ќе остане ли доктор да ги лечи?

Докторите заминуваат, онколошките пациенти во страв, ќе остане ли доктор да ги лечи?

Докторот кој не’ лекува и терапијата која ја примаме се нашата надеж. А ако немаме тронка надеж, нема цел ни самото лекување. Онколошките пациенти загрижени, одливот на доктори ги држи будни навачер. Покрај битката со болеста, сега борат и со мислите што ако и мојот доктор си замине?

  • Верувајте тоа е некоја е појдовна точка која што е една од најважните кога стапнувате на клиниката за онкологија бидејќи ние пациентите гледаме трошка надеж баш во тој доктор и во терпијата која што тој ќе ја препише. Не плаши моментот што самиот одлив на докторите, на добрите квлитетни доктори кои што ни се покжалае во иксуството ни налага да одиме да се лечиме приватно затоа што немаме доверба во тој некој нов што ќе биде поставен на негово место, вели Александра Величковска, пациент на Клиниката за онкологија.

За овој проблем сите знаат, ама никој ништо не превзема. Од в.д. директорката на Клиниката за окологија, Д-р Виолета Клисаровска добивме само краток одговор, проблемот бил сериозен и траел со години.

  • „Недостигот на кадар е сериозен проблем, кој се провлекува со години. Се обидуваме да функционераме со расположливите капацитети“вели В.Д. ДИРЕКТОР НА КЛИНИКАТА ЗА ОКОЛОГИЈА, Д-Р ВИОЛЕТА КЛИСАРОВСКА.

Докторите си заминуваат, а нови не се вработуваат. Бројот на заболени со рак се претвора во нова пандемија. Клиниките се полнат со пациенти, но нема ниту доволно терапија за сите пациенти а ниту кадар.

  • Искрено состојбата на онкологија е алармантна не само во поглед на одливот а доктори, туку и во поглед на терапија и во поглед на пренатрупаност на системот. Самата клиника за онкологија е во едно такво безредие , ова го зборувам од поглед на пациент. Тоа е толку очигледно што просто е застрашувачки.Очигледно никој не го зесега тоа што се случува на онкологија, очигледно фоокусот е вперен на сосема други работи, очигледно е дека сме оставени на сами на себе. Кој може сам се бори, кој не може остава на Бог, вели Величковска.

Според информациите од Македонското лекарско друштво, за една деценија, Македонија загубила околу 2.000 лекари, а дури една четвртина од активните лекарите се на возраст над 61 година.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста