Судијата Георгиев остана без имунитет: Се чека одлука дали ќе заврши во притворското одделение во Шутка
Син на поранешен градоначалник на Ново Село му стави лисици на рацете на врховниот судија Наќе Георгиев. Судија на претходна постапка одлучува за барањето на Обвинителството тој од кривичен да заврши во ќелија во Шутка.
- „Според сознанијата добиени од пријавителот, првоосомничениот користејќи ја својата службена положба и претпоставено влијание лажно ветувал погодности за обвинет (татко на пријавителот) во друга постапка што се води пред Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, и лажно прикажале дека ќе извршат влијание заедно со второосомничениот.“ Стои во соопштението од обвинителството.
Второосомничениот, обвинителот Иџет Мемети засега само ќе биде предмет на истрага бидејќи организиран криминал нема доволно докази да бара мерки и за него.
- „Прибраните докази и извршените претреси до овој момент даваат законски основ на предметниот јавен обвинител да предложи притвор само за првоосомничениот кој е затекнат при извршување на кривичното дело, додека во однос на второосомничениот до овој момент доказите не даваат основи за да се предложи најстрога мерка за обезбедување.“ – Соопштија од ОЈО-ГОКК
Примање награда за противзаконито влијание од член 359 од КЗ е кривичното делото со кое де товарат врховниот судија и членот на Советот на ЈО.
Георгиев беше фатен на лице место вчера попладнето како зема 10.000 евра за да изврши влијание врз судски процес кој се бори против екс градоначалник на ново село за шверц на марихуана. Претреси се вршеа и во Врховниот суд и во Советот на ЈО, а Георгиев помина едно деноноќие во пс Кисела вода.
Викторија Миткова