Четврт бурек со јогурт и една крем банана – за толку поевтинил животот во Македонија минатиот месец

Четврт бурек со јогурт и една крем банана – за толку поевтинил животот во Македонија минатиот месец

1000 евра се потребни во Македонија за едно четиричлено семејство да живее „крпен живот“. Пресметките на ССМ за мај покажуваат дека за семејство кое живее во сопствен стан  од 60 метри квадратни потребни се 60. 090 да ги задоволи основните потреби.  Според пресметката , само за храна се потребни скоро колку што изнесува минималецот во Македонија , а околу 100 евра се потребни за сметки. 

 Храна и пијалоци                                                                   21.689

Облека и обувки                                                                     4.928

Станарина, вода, електрична енергија и греење              6.014

Транспорт                                                                                 5.020

Образование                                                                            7.003

Синдикатот ја прави пресметката по претпоставка дека семејството живее во Скопје, купува облека на попуст, ги купува само основните прехранбени производи, само два пати месечно може да си дозволи хамбургер. Потстрижувањето е луксуз, а трошоците за рекреација се последни на кои се размислува.

Доколку семејството изнајмува стан, според пресметката во април, потребни ќе се над 75 илјади денари .

Ова значи дека ако двајца родители се на минималец во Македонија не можат да ги задоволат ни најосновните потреби на семејството. Потребно е двајца да заработуваат просечна и минимална плата за да можат да си го дозволат најнеопходното и тоа ако живеат во сопствен стан.

Она што е на хартија се гледа и по една обиколка по пазарите. Пример пиперките и доматите достигнаа и до 120 денари на зелените пазари. Граѓаните како да се навикнаа, велат мора да се јаде

Споредено со вредноста на синдикалната минимална  кошничка за месец април годинава е намалена за само 122 денари .  

Како ќе се движат цените во идниот период е неизвесно . Раст на месото, растителните масла и житариците на светско ниво во април забележа и организацијата за храна и земјоделство на ОН.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )