Анкета: ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ за речиси 7%, Мицкоски пред Ковачевски за речиси 8%

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ за речиси 7%, Мицкоски пред Ковачевски за речиси 8%

Ако идната недела би се одржале парламентарни избори, победник ќе биде ВМРО-ДПМНЕ, покажува најновата анкета на Институтот за истражување на Политики и Добро Владеење – Скопје.

Според анкетата, граѓаните најмногу доверба имаат во партијата на Мицкоски, за која кажале дека ќе гласаат 19,5 проценти. За СДСМ пак би гласале 12,6 отсто од испитаниците. Што значи дека социјал-демократите имаат за 7 проценти помала доверба од ВМРО-ДПМНЕ. На трето место е ДУИ со 5,3 проценти, веднаш по нив е Алијанса на албанците која ужива 4,5 отсто од испитаниците.

ВМРО-ДПМНЕ – 19,5

СДСМ – 12,6

ДУИ – 5,3

Алијанса на албанците – 4,5

Беса – 2,4

Демократско движење – 1,8

Ниедна – 29,4

Не сака да каже – 11,4

Не знам/ нема одговор – 4,5

Ако се земат предвид бројките од анкетата, може да се заклучи дека обединетата здружена албанска опозиција, му дише во врат на ДУИ. Беса, Алтернатива и Демократското движње имаат вкупен рејтинг од 5,1 отсто, а партијата на Ахмети 5,3.

Второто прашање од анкетата е “Во кој политичар имате најголема доверба”. И на ова прашање води ВМРО-ДПМНЕ, односно нивниот лидер Христијан Мицкоски кој според испитаниците е политичар за кого на анкетата гласале 16,9 проценти од испитаниците. На второ место е актуелниот премиер Димитар Ковачевски кој има 9,1 доверба кај испитаниците. Односно речиси 8 проценти повеќе, испитаниците доверба имаат во Мицкоски наспороти Ковачевски. Третото место според анкетата му припаѓа на Стево Педнаровски за кого се изјасниле 6,1 отсто.

Христијан Мицкоски – 16,9

Димитар Ковачевски – 9,1

Стево Пендаровски – 6,1

Али Ахмети – 5,1

Арбен Таравари – 4,8

Изет Меџити – 2,1

Ниту еден -40,5

Не знам – 3,3

Друг – 4,5

Анкетата, според известувањето од Институтот, е спроведена телефонски, во периодот помеѓу 5 и 9 ноември 2023 година, на репрезентативен примерок на ниво на Македонија во примерок од 1.050 испитаници.

И последната анкета на ИПИС водството припадна на партијата на Мицкоски, каде за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 20, 3 %, за СДСМ 11,3. И на таа анкета политичар во кој народот има најмногу доверба беше Мицкоски, по него Ахмети, а на трето место Ковачевски.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста