Стабилна е состојбата на мажот кој настрада во лифтот во угостителски објект во Штип

Стабилна е состојбата на мажот кој настрада во лифтот во угостителски објект во Штип

Стабилна е состојбата на мажот кој вчера попладне настрада во лифтот во угостителски објект во Штип. Со скршеници на пршлените, лицето се уште е хоспитализирано на одделението за ортопедија во штипската Клиничка болница.

Во меѓувреме директорката на Државниот инспектор за труд , Весна Томовска, потврди дека на лице место вчера е излезен трудов инспектор. Утврдено е дека двајцата работници не биле вработени, туку  работно ангажирани во објектот. Починатиот бил кувар во пензија.  

Во текот на утрешниот ден до инспекторатот треба да биде доставена документацијата за безбедност при работа во објектот. Од Обвинителството пак посочуваат дека се обезбедуваат докази за расчистуваање на настанот, а стручно лице ќе направи техничко вештачење на лифтот. Како дошло до трагедијата се уште нема официјални информации.

Се шпекулира дека лифтот кој служел за транспорт на храна, некако  се откачил и паднал, при што двајцата работници кои биле внатре се здобиле со повреди, по што 71 годишниот маж почина во штипската болница.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )