Загрижувачки тренд – Македонија останува без специјалисти,се бара стратегија за трендот да запре

Загрижувачки тренд – Македонија останува без специјалисти,се бара стратегија за трендот да запре

Државата се соочува со сериозен недостаток од педијатри, гинеколози, патолози, анестезиолози. Наместо дома, македонските специјалисти лекуваат во странство. Можноста за подобра кариера и повисоки плати се причина, дел од нив за работа да аплицираат во германските болници. Токму поради несоодветно вреднување на вложениот труд и знаење, одредени гранки во медицината повеќе не се атрактивни за младите лекари.

„Дел од гранките во медицината, тука ќе ја вклучам микробиологија, биохемијата, медицината на трудот и уште голем број на дисциплини се неатрактивни од многу едноставна причина. Иако се многу битни за целиот здравствен систем,  за жал во оваа средина,  не се доволно ценети„ изјави проф.д-р Џенгис Јашар.

Јас сум анестезиолог.Инаку специјалноста е многу дефицитарна, не само кај нас туку и пошироко. Ова е бидејќи се работи за една одговорна гранка која за жал не е доволно експонирана, а одговорна за голем дел од она што се случува во операционата сала„ изјави проф.д-р Билјана Ефтимова.

Инволвираните алармираат државата , под итно да изготви соодветна стратегија и да понуди сериозни системски решенија, во спротивно недостатокот од специјалисти  и одливот на „белите мантили„ би бил уште поголем.

Поедини интернистички гранки веќе немааат доволно капацитет по кадар да излезат во пресрет на она што го бараат пациентите. Во суштина, можеби со тек на време и годините што доаѓаат, дефициентите ќе бидат позастапени, бидејќи имаме одлив на лекари надвор и државата не наоѓа систем како да ги внесе во здравството„ изјави проф.д-р Џенгис Јашар.

Македонскиот здравствен систем нема проблем само со специјалистите. Незадоволни  од условите за работа во болниците се и медицинските сестри. И тие како и лекарите, масовно бараат  потврди за да ги комплетираат документите за работа во странство.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )