Деветмесечно бебе почина во Охрид – во болница било донесено во неконтактибилна состојба

Деветмесечно бебе почина во Охрид – во болница било донесено во неконтактибилна состојба

Во само четри дена две бебиња починаа во охридско струшкиот региот. По трагедијата во струшко Вевчани каде на 14-ти почина овој месец почина седуммесечно бебе,уште една трагедија го потресе овој пат Охрид каде почина деветмесечни бебе.Од оскудните инфорамции кои го пласира полицијата единствено се знае дека бебето вчера во утринските часови со лекари од итната медицинска помош било донесено во бессоизнание во охридската општа болница.Настанот го потврди порпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски

“Во текот на вчерашниот ден во СВР Охрид, пријавено е дека во 08.10 часот во Општа болница во Охрид починало деветмесечно бебе, кое претходно со Итна медицинска помош било донесено во неконтактибилна состојба. Увид на местото извршија полициски екипи,а по наредба на јавен обвиниел телото е дадено на обдукција”- вели Стефан Димоски,портпарол на СВР Охрид.

Нити од болницата нити од итната медицинска помош не откриваат што се случило со бебето и кои се причините за смррта на новороденчето,чекат да заврши обдукцијата. Единствено открваат дека еден час се обидувале да го спасат бебето ,но безуспешно.Инаку сеуште не се знае кои се причините за смртта и на седуммесечното бебе од Вевчани кои почина во Специјалната болница Свети Еразмо откако беше оперирано.Тоа беше примено во болницата со хемоти на главата и внатрешно крварење. Според исказот на мајката тоа паднало од импровизиран кревет во семејниот дом.

Основното јавно обвинителство издаде повеќе наредби за утврдување на причините за смртта на 7-месечно бебе,со цел да ги расчисти причините за тоа како настанала повредата на бебето, како и да испита дали стручниот персонал ЈЗУ „Св. Еразмо“ и докторите од итната медицинска помош во вевчани каде првично било донесено,постапувале согласно протоколите и процедурите.Прибавена е целокупната документација од болницата, а се вршат разговори со семејството и блиски лица.Исто така се проверува и медицинската историја на детето и на мајката.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )