Анализа: Програми и отчетност – која е разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ?

Анализа: Програми и отчетност – која е разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ?

Економска стабилност наспроти тешко остварливи и напумпани ветувања.  Во што се разликуваат понудите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Анализирајќи ги програмите од претходните избори, но и работењето на партиите новинарот Драган Павловиќ Латас вели дека клучна улога игра отчетноста, која всушност е мерило за тоа дали се испорачани ветувањата. Но, и дека не се важни само програмите туку и луѓето кои ќе ги спроведуваат. Според него, кадрите на опозициската партија се исклучително квалитетни, во однос на повеќе сфери: Социјална и економска сфера, евроинтеграции, инвестиции.

ВМРО-ДПМНЕ изнесе екипа која доминира на политичкиот пазар. Го имаме Николоски – потпретседател на ЕПП, највисока политичка функција во Европа од сите македонски политичари. Стефан Андоновски од Министерството за информатичко општество, но неговите знаења се многу пошироки. Ја имаме Гордана Кочоска која ќе биде изненадување за политичката сцена на ниво на Панче Тошковски. Го имаме Владо Мисајловски, професионалец во градежништвото, еден од најстручните во таа област од политичкиот кадар. Оваа екипа треба уште да се дополнува, но од ова може да се каже дека може да им се верува на овие луѓе, за задачите кои се поставени. Имаме група на која може да и веруваме, не само на деловите од програмата туку и согласно тековните промени. Имаме задачи кои ги поставиле и за кои знаеме дека ВМРО-ДПМНЕ можат да ги исполнат – социјална сфера, економска сфера, пензии, вработувања, странски и домашни инвестиции, може да и веруваме дека оваа екипа може да го оствари. Најважна е референцата, може да понудите се, може да продавате машина за перење и да ги ставите сите референци, но дали тоа на пазар може да се потврди? Пазарот е тој што треба да го потрврди тоа и да одлучи колку вреди. ВМРО-ДПМНЕ можат да го остварат тоа – анализира во интервју за Алфа, новинарот Драган Павловиќ – Латас.

СДСМ официјално програмата ќе ја претстави идниот викенд но од јавните настапи на функционерите веќе се наѕираат контурите на програмата која е иста со претходната – преголеми ветувања за просечна плата од 1.100 евра, 180 милиони евра поддршка на домашни компании, 3,5 милијарди евра јавни капитални инвестиции, 2,7 милијарди евра за инфраструктура, 194 километри патишта до 2028 година и 950 километри реконструирани патишта. Според Павловиќ – Латас, разликата сега е што од старт се ризикувани 3 милијарди евра – пари кои наредните буџети тешко дека ќе можат да ги покријат, Тоа се најкрупните ветени проекти – Коридор 8, проектот Митилинеос, Клиничкиот центар.

Загубите, што ги направија СДСМ кои чекаат на идната власт да ги расчисти се 3 милијарди евра. Со тие загуби, тие бараат нова власт. Во 2017 година имаа 2 и пол милијарди евра повеќе буџет. Ако ВМРО-ДПМНЕ воделе со 3 и пол милијарди и имале инвестиции, овие не направија ништо со 5,5 милијарди евра и најавуваат уште поголем буџет. Немаме железница, немаме пошта немаме здравство, денеска во вашата вена не знаеме што ќе ви стават бидејќи во болница сега ставаат вода. СДСМ нема програма, ја препишуваат старата и ветуваат дека во иднина ќе ја остварат. Кога не ја остварија тогаш, со помал терет, како сега ќе ги остварат ветувањата? Како ќе објаснат зошто не е готов ФИНКИ, Кичево-Охрид, Клинички центар, Болница во Штип и многу други ветени – неостварени проекти. И најпосле, СДСМ пријави лица кои се кримогени, кои овие години не излегоа од коруптивни скандали. Што ќе видите во програмата на СДСМ, дека децата нема да имаат учебници, ќе менуваат пол, ќе се скрати работното време во период кога паѓа продуктивноста? Нема да има ништо во програмата на СДСМ. Најголем проблем е кој ќе биде на листа за пратеници кој ќе има имунитет, за да се избегнат евентуални законски прогони или само да се пролонгираат додава Драган Павловиќ – Латас.

Програмата на ВМРО-ДПМНЕ која партијата која промовираше викендов предвидува меѓудругото и укинување на балансерот, намалување на бројот на пратеници во Собранието од 120 на 90, реорганизација на министерствата, една изборна единица, укинување на позицијата заменик дирекор, помалку управни и надзорни одбори кои ќе имаат помалку членови.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста