По речиси цела недела молк, Владата ќе реагира за зголемените цени и давачки кои Бугарија ги воведува за рускиот гас

По речиси цела недела молк, Владата ќе реагира за зголемените цени и давачки кои Бугарија ги воведува за рускиот гас

Македонија ќе бара отштета од Бугарија и од Европската Унија ако соседите не ги ослободат закупените количини гас на „ Газпром“. По речиси цела недела молк, по низата текстови на Алфа, македонските власти конечно се освестија и направија некаков потег откако Софија одлучи да си наплаќа такса за од 10.23 евра за мегават-час руски гас што транзитира низ нејзината територија.

Македонија бара да бидат ослободени закупените количини според договорот со Гаспром кој важи до 2030 година.

Јас сум со контакт, реагирав кон енергетската заедница и ЕУ комисија и очекувам да се ослободат количините, ако тие воведуваат такса за природен гас кој доаѓа од Гаспром да ги ослободат количините кои се закупени од страна на Гаспром кон Македонија , тоа е нашето барање , во делот на либерализација имаме право да се жалиме и да бараме од ЕУ да се применат од нивните членки . Во случај да не бидат ослободени, моменталните капацитети што ги имаме ќе ги користиме и ќе бараме отштета . Секоја држава има право да воведе такси, а да правиш вакви уцени, Бектеши.

Спротивно на Договорот за добрососедство и пријателство, сега  Бугарија ја условува Македонија да изгради уште еден гасовод.

Министерот за економија вели немало да се меша во бугарската фискална политика, ама уцени во што ќе се инвестира не прифаќал.

Уцени во делот на начинот како ќе инвестира не се прифатливи, ако мислат дека на ваков начин ќе направат нема да им помине . Во делот на ослободување на капацитетите е , не може да се воведе такса а тоа да е за една држава, рече Бектеши.

Во моментов се ослободени одредени количини кои ќе се користат додека не дојде одговор од бугарска страна, но тоа не е доволно .  Колку ќе не чини уцената од Бугарија, засега не знаеме ама се поизвесно е дека ќе има влијание особено на цената на гасот за стопанството.

Зголемените давачки за гасот веројатно ќе резултираат и со поскапување на парното греење.

Регулаторот се уште ги прибира трошоците од компаниите за да ја формира цената.

Македонија во моментов нема друг извор на снабдување со гас , освен преку Бугарија. Гас од Грција во земјава треба да протече дури во 2025 година  кога треба да заврши изградбата на интерконекторот, што според договорот кој се постигна денеска меѓу инвеститорите од Македонија и Грција треба да се стартува в година.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста