Зошто не се открива кој ќе седне во фотелјата на Јовевски во преизборието?!

Зошто не се открива кој ќе седне во фотелјата на Јовевски во преизборието?!

Пет дена пред истекот на мандатот на државниот јавен обвинител Љубомир Јовевски, се уште не се знае кој ќе седне на најмоќната фотелја во клучен, предизборен период за државата. Еден од деветте републички обвинители ќе биде вршителот на должност додека мине законската процедура, но зошто не се открива кој ќе седне на местото на Јовески, во моментите кога сериозни се опасностите од предизборни злоупотреби – останува дилема.  

За Обвинителите, Фатиме Фетаи, Лидија Раичевиќ како и Љупчо Коцевски од Советот на јавни обвинители, велат дека се уште е рано да се зборува бидејќи не го добиле предлогот од Владата. Откако ќе го добијат ќе дадат позитивна или негативна оценка.

Од Советот појаснуваат дека ќе го запазат рокот и откако ќе го добијат предлогот ќе ги разгледаат работните биографии на кандидатите, па ќе ги оценат.

Имено, на денешната седница се пополнија две места во републичкото јавно обвинителство. Лиле Стефанова, обвинителката од организиран криминал, како и Наум Пановски, обвинител од Вишото скопско обвинителство се избрани за јавни обвинители во републичкото обвинителство.

Обвинителката Гордана Гешковска пак, на јавноста позната по случајот  „Монструм“, до крајот на месецов заминува во пензија.

Љубомир Јовески стана државен обвинител на 25 декември 2017 година. Неговиот мандат е проследен со низа скандали, а најмногу е обвинуван за непостапувања за корупциски скандали во кои се вклучени имиња од актуелната власт.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста