Предизборни калкулации и математики – дали ДУИ ќе го диктира редоследот на листите во СДСМ?!

Предизборни калкулации и математики – дали ДУИ ќе го диктира редоследот на листите во СДСМ?!

На пет месеци до изборите и нешто повеќе од еден месец до техничката влада партиите на големо се подготвуваат – мерат и прават анкети за кандидатите носители на изборните листи за претстојните парламентарни избори а се лицитира и со имиња за претседателски кандидати. Откако стана јасно дека дека во кецот ќе се соочат Ковачевски и Мицкоски, се очекува потпретседателите од двете партии да ги предводат листите во останатите изборни единици.

Сепак каков ќе биде редоследот на листите во СДСМ, најмногу ќе зависи од тоа дали на парламентарните избори заедно ќе настапат со ДУИ. Се очекува и одлука дали ќе имаат  конснзуален кандидат за претседател. Но влијание ќе има и одлуката на Алијанса за Албанците, дали ќе настапува самостојно на изборите или ќе им се приклучи на двете партии.

Во меѓувреме се прават последните калкулации за составот на техничката влада.

„Ќе биде еден нормален разговор за реализација на тоа што е определено, согласно законот, односно распределба на ресорите во техничката Влада, изгласувањето на таа техничка Влада во Собрание“, рече Ковачевски.

Се очекува наскоро највисоките партиски органи во ВМРО-ДПМНЕ да одлучуваат за нивното учество во техничката влада. Од партијата сепак не се откажуваат од барањето таа да се укине после изборите.

Но, изборите уште од сега се проблематизиираат бидејќи Државната изборна комисија е нецелосна. Местото кое треба да и припадне на албанската опозиција се уште е празно. Премиерот Ковачевски ја прозва Комисијата за избори и именувања која е надлежна за ова прашање. ВМРО-ДПМНЕ пак веќе предупредија дека власта со ова се обидува да има нелегитимен и нелегален изборен процес.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста