Уставните измени се најмалата пречка, протоколите се од клучно значење

Уставните измени се најмалата пречка, протоколите се од клучно значење

Не се само Бугарите во Уставот едниствената пречка за Бугарија да го тргне ветото на Македонија на патото кон Унијата. Иако македонската влада упорно се обидува да не убеди дека само уште уставните измени и Софија веќе нема да не блокира, дел од експертската јавноста предупредува дека тоа не е така. Изјавата на бугарската вицепремиерка е реална, протоколите кои Османи ги потпиша, а се уште не се реализирани се голема опасност бугарската блокадата да остане на сила. Според аналитиачрот Марко Трошановски со овие протоколи кои треба да ги испорачаме,  создаваме основа, формално правно, а не само политички, да останеме и понатаму блокирани.

  • Многу е важно да се каже дека тие протоколи не се само записници за што се зборувало меѓу двете влади, туку се документи во кои што се превземаат и обврски. Врз основа на неисполнување на тие обврски, Бугарија во самите протоколи си дава право, а ние сме и го дозволиле тоа право, да не блокира, рече Марко Трошановски – аналитичар.

Спроведувањето на договорот за пријателство со Бугарија само по себе не значи ништо, бидејќи во него фомрулациите и членовите се многу општи. Ако не се спроведат протоколите, договорт за пријателство нема да има клучна важност. Инаку двата протоколи кои блатерално се потпишани, од бугарските и македонските власти, односно каде параф ставија Генчовска и Османи, јасно е наведено дека се дел од преговарчката рамка.

  • Во тие протоколи, меѓудругото , во вториот последен протокол, ние се обврзуваме да ги отвориме архивите од тајните служби, да доставиме урнеци за учебници, да направиме реформи во образованието, да се променат обележјата на спомениците, ефективно да се справиме со говорот на омраза….се обврзавме да ги завршиме до ова лето, ние голем дел од тие работи не ги завршивме и за сега се замижува некако на тој план и од страна на Бугарија, меѓутоа сепак тие се основа за понатаму да не блокираат вели Марко Трошановски – аналитичар.

Инаку пред само два дена бугарската вицепремиерка Марија Габриел рече Бугарија нема билатерален проблем со Македонија во однос на интергацијата во ЕУ и оти услов за продолжување на европскиот пат на Скопје не се само уставните измени туку и почитување на Договорот за пријателство и добрососедство и двата протокола. На ваквата изјава ВМРО-ДПМНЕ изјавија дека тоа е токму она за кое тие предупредуваат година ипол наназад и дека власта лаже дека со внесувањето на Бугарите во Уставот ќе завршат бугарските блокади. Премиерот Ковачевски пак се правдаше, дека нови услови немало и во заколучоците на советот јасно стоело ако нарпавиме уставни измени, ќе се одржи меѓувладината конференција.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста