Закани и притисоци врз вработените во училиштето „Тодор Јанев“ во Чашка, министерот Шаќири нема намера да се заангажира за проблемот

Закани и притисоци врз вработените во училиштето „Тодор Јанев“ во Чашка, министерот Шаќири нема намера да се заангажира за проблемот

Министерот за образование не се потресува за случувањата во основното училиште „Тодор Јанев“ во Чашка кои се пред кулминација. Тамошните вработени алаермираат дека се изложени на притисоци и закани од директорката на училиштето Елена Николова. И денеска таа пред влезот на школото се соочи со незадоволни родители и жители од општината, кои од неа бараат оставка, затоа што дозволила формирање на албанска паралелка во училиштето. Гневот на родителите е голем затоа што ниту биле информирани, ниту прашани за воведување на нова паралелка за ученици од албанска нациналност.

Дали има законска основа за формирање на оваа паралелка министерот за образование не кажа. Но, ги повика родителите да изготват решение и да му го достават во кабинетот.

Мислам дека не ви се точни податоците, јас минатата недела бев на состанок со советот на родители во општина Чашка, имавме добра дискусија со сите родители. Очекувам да дојдат во Министерството за образование со решение на проблематикатавели министерот.

Родителите и наставниците вчера открија дека интернатот кој служеше за децата од околните села, и е во склоп на училиштето, преку ноќ бил пренаменет во училница.Но Шаќири демантира, вели дека училницата за албанската паралелка не била во интернатот.

Што се однесува до интернатот, јас од директорката имам побарано образложение зошто ако тоа е направено, но директорката на ОУ Тодор Јанев ме информираше дека училницата е во склоп на училиштето” – изјави ресорниот министер Шаќири.

Директорката на училиштето вчера за Алфа тврдеше дека имало основ за формирање на алабанска паралелка.Според неа, родителите и жителите неосновано протестирале. И побара да не се прави етничка поделба.

Инаку, училиштетo “Тодор Јанев”  според статутот е само за настава на македонски јазик, и во населено место со Македонци, а во кое според лична карта на родителите нема регистрано ниту еден жител на албански мајчин јазик.

Жителите со недели протестираат против за како што велат “насилното” и незаконско формирање на албанска паралелка во училиштето.И бараат ингеренциите врз оваа установа да се вратат на опшината, за полесно да се реши проблемот.

Ања Лукарова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста