Алфа на терен: Добро испланирана рута од киднапирањето до убиството на малата Вања
Љупчо Палевски-Палчо осомничен за организација и реализација на убиството на Вања Ѓорчевска, со години го познавал теренот од каде таа е киднапирана, но и локацијата каде според полицијата била закопана. Едната локација е зградата која ја градела неговата фирма во центарот на Скопје, другата, местото каде тој го поминал дел од своето детство и каде се наоѓа неговата семејната куќа во село Глуво. Свесен бил и дека од едната до другата локација има десетина видео-надзори, бидејќи истите се поставени на видливи места и снимаат јавен простор. Дури и локацијата каде е запалено возилото е во близина на селските гробишта, црквата и на само 500 метри од главниот пат кој води до село Глуво.
„Алфа“ одеше по траекторијата која според истрагата ја минувал Палчо заедно со другите осомничени. Само од излезот на централното подрачје до локацијата каде, според полицијата е однесена и закопана Вања има минимум седум приватни локации кои имаат поставено видео надзор, а снимаат дел од јавните површини. Станува збор за куќи, дуќани, работилници, отпади. Од излезот од Скопје до таа локација со автомобил се стигнува за не повеќе од 10 минути. Според сите снимки кои ги виде „Алфа“, а се дел од истрагата, прво поминал автомобилот „рено канго“, а потоа „цитроенот“ во кој според институциите се наоѓала Вања. Постојано се движат еден зад друг.
По асфалт се вози се до местото каде „реното“ и „цитроенот“ скршуваат на лево, а од тука натму камери – нема. Од едната страна се гледа Јадранска магистрала, од друга – Глуво. Токму помеѓу овие две точки – според инсепкторите се наоѓа местото каде осмоничените ископале дупка па ја закопале Вања. Полициски извори за Алфа велат дека по завршувањето на форензичката и инспекторската истрага со собирање на докази дупката е затрупана.
- „Ова е последната точка на која се стигнува со автомобил, а која според локацијата била закопена Вања. Од тука на 300 метри воздрушно се наоѓа односно може да се види каде било запалено возилото. “
„Алфа“ разговараше и со жители на Глуво и соседна Бразда. Видно вознемирени и во страв одбиваат да зборуваат пред камера ама во непосреден разговор прад селската продавница потврдуваат дека Палчо е родум од Глуво, каде има и семејна куќа. Теренот му бил добро познат, знаел од која страна може да се пристигне и замине на најлесен начин. Не е тешко достапно ниту местото каде е запален автомобилот, а се гледа и од улицата поминува покрај Каменоломот, но и од куќите кои се во непосредна близина.
Двата автомобили „Цитроенот“ е украден од Панче Жежовски, за кој полицијата кажа дека е грабнат и убиен на патот Велес-Скопје, а вториот „рено канго“ припаѓал на жена активист која го дала на користење во партијата „Десна“.