Екстрадицијата на Палчо нема да биде толку брза како што очекува јавноста

Екстрадицијата на Палчо нема да биде толку брза како што очекува јавноста

Дали политичките изјави со кои надлежните го квалификуваат Палевски како монструм и убиец би можеле да ја искомлицираат постапката за екстрадиција на првоосмничениот? Ова експертите го оценуваат како потенцијална пречка што би ја одолговлекла целата процедура. Но, тука се пред се најважни доказите на кои Турција ќе инсистира за да го прати Палчо во Македонија. За кој временски период Палчо ќе биде донесен во Макеоднија е дилемата и кај поштироката јавност.

Дел од експертите и министерот за правда Кренар Лога со спротивставени мислења. Тој е уверен дека постапката нема да се одолговлекува, но не може да прецизира кога Палчо би стапнал на македонско тло.

Турција има слоевита постапка за екстрадиција и првоосмничениот има право на неколку жалби по основ на екстрадиција и на екстррадицискиот притвор. Постапката за екстрадиција на Палчо нема да биде толку брза колку што јавноста се надева, коментира професорот Гордан Калајџиев.

Палевски има право да бара политички азил поради лидерската позиција во неговата партија. Доколку не се создадат услови за такво нешто сепак, согласно турските прописи, откако ќе се обезбеди папирологијата на потег е Министерто за правда во Турција.

Како што појасни професорот, не одлучува само министерот туку се повикува на членовите на министерски совет, па оттука одлуката за естрадиција зависи од повеќе потписи.

Откако вчера министерот Лога вчера го потпиша барањето, обвинителството и Министерството за правда денеска веќе ги дадоа документите на превод.

Доколку ништо не се искомплицира и судовите во Турција не му ги прифафат евентуални ќалби на ПАлчо за притворот, но и за екстрадицијата, тој би требало да биде вратен во МАкеоднија за 2 до 3 месеци.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста