Врабевски отвори нов бугарски клуб во Македонија

Врабевски отвори нов бугарски клуб во Македонија

Тоа што му е забранет влез во Македонија, не го спречи бугарскиот бизнисмен Милен Врабевски непосредно пред нова година да отвори нов бугарски клуб „Балкански мост“ во Битола. За разлика од претходните случаи, овој бугарски информативен центар не е поврзан со ниту една историска личност.  

Новото здружение, наводно, е фокусирано на културата, образованието и традицијата, а во овие празнични денови е активно со донации. Дел е од вмрежување на исти вакви клубови во Албанија и други балкански држави.

Неофицијално, претседател на ова ново здружение е Љупчо Јошевски вработен во РЕК „Битола“ каде што работи и поранешниот претседател на претходниот клуб „Ванчо Михајлов“, кој предизвика бурни реакции во македонската јавност и беше затворен со решение на надлежните органи.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста