Во источниот регион утре ќе гласаат 1129 граѓани

Во источниот регион утре ќе гласаат 1129 граѓани

Утре за нов преседател на државата ќе гласаат изнемоштените и болни лица. Во источниот регион, ова право ќе го искористат 1129 граѓани. Најголем број на гласачи кои ќе гласаат во домашни услови има во Пробиштип и Берово, каде од тамошните изборни комисии се одобрени по  188 решенија. Во Кочани ќе гласаат 171, а во Штип 158 граѓани.

  • Подготвени се сите претседалеи на Избирачки одбори за часот и времето за подигање на избирачкиот матрејал ..Согласно изборниот законик, избирачкиот одбор којшто има гласачи кои ќе гласаат во домашни услови во текот на денот, односно утрешниот ден ќе ги посети во нивните домовиизјави Виктор Вацев, претседател на ОИК-Штип.

Утре со право на глас се и осудениците. Избирачко место има и во штипскиот Затвор, објаснуваат од општинската изборна комисија.

  • Утре се гласа и во КПД Затвор-Штип. Таму бројката е пообемна, бидејќи станува збор за лица кои гласаат на територијата на целата држава„ изјави Виктор Вацев, претседател на ОИК-Штип

На седмите по ред претседателски избори, во Штип право на глас имаат 41.489 , што е за 500гласачи помалку од последниот избирачки циклус.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста