Дваесет дена кампања: Mакедонско знаме не видовме на митинзите на Таравари и Османи

Дваесет дена кампања: Mакедонско знаме не видовме на митинзите на Таравари и Османи

Десетици албански знамиња, по некое американско, но ниедно македонско. Ваква е сликата од речиси сите митнизи на кандиадтите за претседател од политичкиот блок на албанската заедница во Македонија. И на собиранките на Османи, но и неговиот политички ривал Таравари, македонско знаме нема, а се кандидраат да ја водат Македонија. Дел од аналитичарите децидни, велат се тоа е само изборна реторика, но таа е погрешна.

Она што може да се забележи е дека тоа е само изборен фолклор и дека претендентите за претседател на Македонија од страна на албанскиот блок, не претендираат да бидат претседател на Македонија туку претендираат да ги освојат албанските гласови и да покажат кој е поголем и поценет во тие кругови.Затоа целта на албанските партии во Македонија е да се промени начинот за бирање на претседател и избирањето да биде во Собранието. – Вели аналитичарот Синиша Пекевски.

Иако дел од албанските партии влегоа и во предизборни коалции со другите народи кои живеат во Македонија, на минизите не видовме ниту нивно знаме.

Дефинитивно треба да излезат од тој национален фолклор и да се приближат и на другите граѓани, не само Македонците, туку и Ромите, Турците, Власи итн. Бидејќи тие претендираат да бидат претседател на Македонија. Таа реторика кога се обраќаат на македонски јазик, на јавни настапи, пред телевизија, но кога зборуваме за митинзите тие едниствено и само се насочени кон албанските гласачи што е тотално погрешно. – Истакна Пекевски.

Ова не е новитет во изборните кампањи на партиите на албанската заедница, така било и порано, така е и сега. А и кампањата токму истите Османи и Таравари ја почнаа само со билборди на албански јазик, што е спротивно на законот. Во законот за употреба на македонскиот јазик јасно е прецизирано дека на јавните настани што се организираат во државата, а се финансираат со средства од Буџетот, задолжително мора да се употреби македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо. Иако јавноста реагираше, билбордите останаа еднојазнични, но се сетија бар да стават и по некој на македонски јазик. Но, сепак она што е симптоматично и во слоганот на Османи, но и на Таравари, е дека тие не прецизираат дека се борат за претседател на Македонија. За Османи на плакатите стои дека ќе бил „европски претседател“, а за кандидатот на коалицијата „Влен“, во превод „вреди“, Арбен Таравари, пак на рекламниот материјал пишува само „претседател“. Име на државата – нема.

Мери Симоновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста