„Внатрешно вето„ за состав на нова влада – ДУИ со нов очанички план како да спречи ВМРО-ДПМНЕ да дојде на власт
Идеја на Османи влада за национален спас или за спас за фотељите на ДУИ и СДСМ? Што стои во позадина на тезата на претседателскиот кандидат на интегративците, Османи, кој почна да заговара за можноста новиот парламентарен состав наместо да избере нова Влада првин да се зафати со носење на уставните измени, процес кој неминовно би го блокирал Парламентот, би спречил гласање за нов премиер и нови министри и би предизвикал длабока политичка криза.
Кандидатот за претседател од редовите на Интегративците не дава конкретни одговори како би се извело ова сценарио, но вели дека ЕУ била единствената опција за Македонија и уствните измени мора да поминат.
„Мојот став е дека кочењето на европската интеграција е најголемото предавство, што може било кој политичар или политичка партија да го направи кон сопствениот народ. Секој ден доцнење на интегрирањето кон Европската унија, е еден ден повеќе можност, група Македонци да земаат бугарски пасош за да ја напуштаат државата“, вели Бујар Османи, кандидатот за претседател на Македонија.
На идејата за Влада за национален спас чија прва и главна задача би било носење на уставните измени се спротивставија сите освен СДСМ.
Дел од познавачите велат дека Ахмети и Ковачевски се соочени со неминовен пораз и тоа добро го знаат, па прават различни сценарија за да го спречат мирниот трансфер на власта по 8 мај и за блокирање на процесот на формирање нова политичка влада. Новинарот Геровски вели таа валда која ја презентираат е идеја која нема да се оствари, но е сценарио – појас за спасување на бродоломците од изборниот „Титаник“.
„Предлогот на Бујар Османи е да се формира Влада на национален спас, но претходно за формирање таква влада е веднаш по изборите да се усвојат уставните измени за внесување на бугарите во Уставот. Со оглед на фактот дека актуелниот предлог е лош и е неприфатлив за ВМРО-ДПМНЕ и за другите партии освен СДСМ, мошне веројатно е дека еден таков предлог, една таква иницијатива нема да помине во парламентот и поради тоа мислам дека идејата на Османи е неостварлива и ја доживувам како еден обид да се спречи формирањето на новата влада со едно внатрешно, домашно вето од страна на ДУИ“, вели новинарот Бранко Геровски.
И новинарот Дарко Јаневски на слична линија со Геровски. Според него, ДУИ и СДСМ знаат дека ќе изгубат и се плашат за криминалите кои се сторени во нивнто владеење па сега помош ќе бараат од меѓународната под превезот на брзо интегрирање во ЕУ.
Идејата на Бујар Османи е всушност да прати порака до меѓународната заедница таа да изврши притисок да се формира некаква такава влада.Заднината е да се спречи борбата против корупцијата на сегашната и претходната влада на Заев. Иначе уставните измени немаат врска со тоа дали ќе биде влада широка или ќе биде влада на ВМРО-ДПМНЕ и албанската опозиција. Тоа е некаков обид да се прати порака до меѓународната заедница таа да издејствува“, вели новинарот Дарко Јаневски.
И албанската опозиција реагира, велат таа владата е само сламка за спас на ДУИ и СДСМ. Таравари посчи дека е за уставни измени но во временски период од шест месеци по изборите.
Од ВМРО-ДПМНЕ и понатаму тврдат дека уставни измени под бугарски диктат нема да бида прифатени, единствена можна опција се разговори за промена на преговарачка рамка односно одложување на важноста на евентуалните уставни измени. И тие сметаат дека идејата на ДУИ е само опција за партиски спас на интегративците.
Мери Симоновска