ВМРО-ДПМНЕ: Извештајот на ЕК покажува дека со СДС и ДУИ Македонија е заглавена во мочуриште од криминал и корупција

ВМРО-ДПМНЕ: Извештајот на ЕК покажува дека со СДС и ДУИ Македонија е заглавена во мочуриште од криминал и корупција

По извештајот на ЕК за земјите кандидатки, ВМРО-ДПМНЕ констатира низа забелешки на вледејачката гарнитура во нашата земја, која допринела за историски најлошиот извештај за Македонија досега.

„Извештајот на ЕК за Македонија констатира неуспеси и неспособност на власта на секое поле. Јасно е наведено дека во извештајниот период не е постигнат напредок, т.е. не успеале да се адресираат и имплементираат исклучителните препораки од Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОДИХР) и Венецијанската комисија. И тоа во година во која МНР Османи се промовира како претседавач на ОБСЕ“, вели опозициската партија и додава:

„ЕК констатира дека власта прекумерно употребува брзи процедури за носење закони, вклучително и користењето на така нареченото европско знаменце, со што не се дава можност законски решенија да поминат низ квалитетна дебата. Нема никаков напредок на полето на јавната администрација, чија реформа како што пишува во Извештајот е почната пред 5 години, но се уште нема напредок. Нема напредок во зајакнувањето на судската независност и подобрување на правната рамка за заштита на основните права. Контроверзното разрешување на претседател на Судски совет предизвика загриженост за несоодветно политичко влијание. Немањето на реформи резултира со немање напредок во борба против корупцијата. А јасно се нотирани и Измените во КЗ кои ја поречуваат работата на органите во иднина да гонат и санкционираат кривични дела кои се опфатени со измените.

Извештајот јасно покажува дека со СДС и ДУИ Македонија е заглавена во мочуриште од криминал и корупција“, заклучи ВМРО-ДПМНЕ.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста