СДСМ: Извештајот на ЕК потврди дека ДПМНЕ и Мицкоски се кочничари на европскиот пат

СДСМ: Извештајот на ЕК потврди дека ДПМНЕ и Мицкоски се кочничари на европскиот пат

По катастрофалниот извештај на ЕК за Македонија, владејачката партија го впери прстот кон опозијата. СДСМ како најголеми виновници за турбулентниот пат кон ЕУ гледа во ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски и Левица.

„ДПМНЕ, Мицкоски и Левица се кочничари на европскиот пат. Ова го потврди извештајот на Европската комисија, во кој клучен проблем и забелешки се тоа што Собранието е блокирано од страна на опозицијата. Извештајот укажува на потребата да се донесат уставните измени и реформите за ЕУ кои ги блокираат токму Мицкоски и ДПМНЕ.

Блокадата на ДПМНЕ е и за поглавјата кои се однесуваат на борбата против корупцијата, што значи ДПМНЕ беше и останува против правдата.

ЕК јасно посочува дека Македонија има прогрес во 81 отсто од поглавјата а нема назадување во ниту едно поглавје, додека 90 отсто од поглавјата се на соодветно ниво на подготвеност“, се вели во соопштението на СДСМ.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста