ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ го одбија ултиматумот од ДУИ
И СДСМ и ВМРО-ДПМНЕго одбија условот на ДУИ. откако синоќа Артан Груби порача дека услов за кого ќе ги дадат нивните гласови во вториот круг претседателски избори, е следниот избор на претседател да се изврши во Собранието, денеска добија црвен картон и од ВМРО ДПМНЕ и од СДСМ.
„Претседателот треба да се избира од граѓаните“, повторија денеска од Бихаќка. „Не ја прифаќаме уцената на Артан Груби“, му порачаа и од ВМРО ДПМНЕ.