Унгарија против членството на Приштина во Советот на Европа: Будимпешта нема да ја поддржи резолуцијата за Сребреница

Унгарија против членството на Приштина во Советот на Европа: Будимпешта нема да ја поддржи резолуцијата за Сребреница

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, по телефонскиот разговор со неговиот унгарски колега Петер Сијарто, изјави дека земјата ќе гласа против членството на Косово во Советот на Европа.

– Министерот Сијарто ми повтори дека Унгарија е заинтересирана за успех на дијалогот меѓу Белград и Приштина, но дека постојаната намера на Косово да се приклучи кон меѓународните организации не помага на овој процес и потврди дека Унгарија ќе гласа против во комитетот на министри на советот на Европа, во однос на членството на Косово, и нема да ја поддржи резолуцијата за Сребреница во ОН, како и секој предлог што би довел до натамошна ескалација на тензиите во регионот – рече Дачиќ.

Тој додаде дека разговарале и за процесот на интеграција на Србија во Европската Унија, што, како што рече, останува приоритетна цел на надворешната политика на Србија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста