„Ветено, неостварено“ – Речиси нула реализација на владината програма 2022-2024

„Ветено, неостварено“ – Речиси нула реализација на владината програма 2022-2024

Економски раст,  задоволна младина , грижа за работниците , нова инфраструктура –  „ Дојде животот “  па потоа добивме уште една програма во нов мандат која ветуваше многу, а пред да станат од „ фотељите“ , челниците од Илиндеска и не оставија многу реализирано зад себе. Наследникот на Зоран Заев изготви програма за работа на Владата 2022-2024 година , во која си зададе амбициозни задачи ама заглави во реализацијата .

Читајќи ја програмата економски требаше да цветаме .  Владата на Ковачевски имаше План за забрзан економски раст и проекции за раст од 5 % , но се проектира дека годинава ќе заврши со 1,8 % раст, а за догодина се проектираат 2,5 проценти  .  Патната инфраструктура како мотор на економијата требаше да се гради забрзано . Се ветуваше брза изградба на коридорите 8 и 10 Д , но досега само брзо се исплаќаат милиони кон „ Бехтел и Енка “ ,  се прават прослави и шарени експлозии . За волја на вистината брзо оди само завршувањето на експропријацијата , досега 58 проценти од земјиштето помина низ процедура .  

Врвен приоритет на Владата ќе претставува рапидна изградба на Коридорот 8, кој неоправдано доцни со децении. Поврзувањето исток-запад, со Р. Албанија и Р. Бугарија претставувастратегиска обврска и фокус на Владата до 2024 година.

Меѓу најголемите предизборни ветувања беше изградбата на автопатот Кичево – Охрид . За 10-тина дена истекува рокот , се заканува и раскинување на договорот со Синохдро, а од автопатот остануваат дупките и збунати возачи заради цело време пренаменување на патот . Требаше да се изгради и Скопје Блаце , а како дел од коридор 10 д Тетово – Гостивар – Букојчани – Кичево, каде засега имаме рамка на која беше поставена табла за старт . Во дел од инфраструктурата ќе се прошируваше и патот во индустриската зона на Визбегово , но ни од тоа ништо.

Се ветуваше дека ќе има грижа за пензионерите . Тие сега, за прв пат откако е осамостоена Македонија  се со месеци на улица бараат повисоки пензии

Грижата за пензионерите и обезбедување на адекватен приход, пензија, ќе продолжи. Одговорно тврдиме дека ќе продолжи континуирана исплата на платите, пензиите и социјалната помош. Дополнително, тие ќе растат. Приватниот сектор и најпогодените дејности и области и понатаму ќе бидат финансиски поддржани.

Ќе се обезбедеше и квалитетно образование , ама добивме ученици без учебници

Квалитетното образование гради слободни граѓани, ја засилува економијата .

Дигитализацијата во образованието беше еден од врвните приоритети, но токму за истото беше одбиен амандман  при расправата за Буџетот во Собрание .  Ќе се зголемуваа и платите на здравствените работници . Целта беше најниската плата на здравствените техничари и медицински сестри да ја достигне просечната плата до 2024, ама и тие протестираа за повисоки плати.  А ветувањата за подобро здравство не изостанаа , приоритетот изградба на клинички центар , се уште е далеку од реализација , а дополнително можно е и да плаќаме пенали.

Главните ветувања беа борба против корупцијата и создавање првна држава . Нема извештај во државава во кој не се посочува дека корупцијата е најголем проблем , црната листа на САД само се проширува , сите алармираат – никој не реагира

Сосема сме свесни дека ефикасна, растечка и продуктивна економија подразбира бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата и целосно и ефективно владеење на правото и правната држава на сите нивоа

Програмата предвидуваше и намалување на администрацијата , раст на пплатите , зачувување на животната средина,  достоен живот за сите .Три години подоцна од оваа програма  граѓаните речиси секојдневно се на улица , не се задоволни од платите кои ги изеде инфлацијата , од здравствениот систем , од владеењето на правото , а се наоѓаме високо на мапата на најзагадени градови во светот .

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста