Партиска турканица за вработување во Агенцијата за електронски комуникации

Партиска турканица за вработување во Агенцијата за електронски комуникации

Кавга меѓу СДСМ и ДУИ за да се фати последниот воз. Седум кандидати – само две слободни места со енормно високи плати во Агенцијата за електронски комуникации. Независно тело – но дури шестминаа од пријавените се со политички грб – за тројца се залага СДСМ, за двајца ДУИ и еден од ДОМ…

Адвокатот Стевица Јосифовски кој е досегашен претседател на Комисијата на АЕК, бара втора шанса долга пет години. Тој беше правен застапник на СДСМ. И уште еден адвокат сака да влезе во Агенцијата за електронски комуникации, Мирослав Вујиќ. Тој во изјава за Алфа велеше дека кога го видел огласот се пријавил.

  • Да, имаше јавен оглас од Собранието, јас се кандидирав. Немам никакви дополнителни информации“, вели за Алфа, Мирослав Вујиќ.  

Вујиќ е познат во јавноста како адвокат на експремиерот Зоран Заев, беше член и на Бордот на „Телеком“, а е и екскандидат за градоначалник во Центар на СДСМ. За едно од местата каде платата е неколку илјади евра месечно,  се пријавил и Владимир Станивуковиќ, советникот на СДСМ во Карпош, моментално е помошник директор во АД за стопанисување со станбен и деловен простор.

Тоа се предлозите на СДСМ, додека ДУИ, стои зад Фикрет Зенуни к е нивен член и бил кандидат за претседател на партискиот огранок во Врапчиште. Вториот кандидат е Арбнор Рушити кој дури и на социјалните мрежи не крие дека е голем симпатизер на партијата на Али Ахмети од кого споделува и фотографии.

Втор мандат, бара и Ервин Реџепагиќ. Тој е дел од политичката партија ДОМ, која е дел од владејачкото мнозинство. За неговата поврзаност сведочи и медиумска објава, според која, тој бил дел од партиска делегација која ја претставувала ДОМ.

Меѓу пријавените има и новинар, кој единствено не се поврзува со политичка партија, а  дипломиран софтверски инженер.

Алфа од свои извори дозна дека меѓу владејачките партии паднал договор  уште кога се формирала владината коалиција, според коој овие две места ќе бидат резервирани за Социјал-демократите. Но сега, стравуваат дали ДУИ ќе даде поддршка за нивните кандидати, а и битка има и меѓусебно во партијата на Ковачевски, поради има поделеноста и различните ставови во партиските табори, брифираат за Алфа.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста