Целата држава впрегната да работи за партијата – предизобрен поткуп и себепромоција со народни пари

Целата држава впрегната да работи за партијата – предизобрен поткуп и себепромоција со народни пари

На 5 месеци до изборите, владата прави кампањи да не убедува колку е добро во ЕУ, изгласуваат антикризни мерки каде се делат пари по граѓаните почнувајќи од сега па се до мај, месецот кога и ќе се одржат изборите. Одлучија дури и нови работи места да отворат во државните инстутции, па отворени се без малку 1000 огласи каде се бараат административци, иако токму овааа влада ветуваше дека ќе ја растерети јавната администрација.

Со ваквите чекори се чини дека власта се обидува да го амортизира поразот кој барем според анкетите ги очекува на претстојните ,па  расфрлајќи се со државни пари небаре се туѓи,  помошта што требаше да ја даваат на граѓаните изминативе 7 години ја сконцентрираа на 5 месеци.

Дел од аналитичарите велат дека кампањата за ЕУ која ќе се поклопи и со кампањата за претседателските избори е спорна, токму заради тајмингот кој остава  отвора простор за сомнежи дека ќе се искористи за влијание.

Аналитичарот Алекснадар Кржаловски за Алфа вели дека традицијата за прикриениот покуп продложува во Македонија. Партиските вработувања и кризните мерки не се новитет во државата, но оваа власт имаше 7 години тоа да го искорени, како и што вети, а наместо тоа, тие само го надградија.

За жал тоа покажува дека државата и понатаму е со статус на задобена особено од партиите кои се моментално на власт. Она што требаше да се направи овие 7 години, да се напушти таквиот начин на разбирање на функционирањето на државата, сега е далеку од тоа и само гледаме продолжување на истиот тренд кој генерално не носи ништо добро за државата. Иако може да се каже дека сепак граѓаните на крај сами си одлучуваат како ќе гласаат и не се толку влиајтелни овие мерки на самото изјаснување на кого ќе се даде гласот, вели Кржаловски.

Поранешниот вицепремиер и амбасадор Ивица Боцевски, вели дека кампањата која ја тера оваа влада, треба да биде разгледана дали би проложила и во техничката влада и дали тоа е законски, особено зошто ќе се поклопи со претседателската кампања. За мерките и вработувањата посочува дека е симптоматично што се баш сега.

Влада 4 години ништо не правеше околу сета оваа работа, фактот дека во 5 до 12 се пристапува кон овие работи, нормално дека ја крева температурата и вниманието на јавноста. Нормално е дека сето тоа ќе биде донесено под знак прашалник од сите политички сили во државата, затоа што не природно е во 5 до 12 да се пристапува кон вакви работи, вели Боцевски за Алфа.

Инаку вчера започна кампањата на Владата  наречена „Европска иднина, поблиску од кога било“ за која ќе се потрошат неверојатни 300 илј. евра. А огласите за вработувањата се активни веќе неколку дена. Над дури 500 вработувања се највени во државните електрани, 80 огласи за работа во Агенцијата за администрација, 41 нов работник се бараат и во Фондот за здравство, 15 нови му требаат на Османи во МНР, девет нови кадри ќе има и во транспорт и врски, осум во Министерството за информатичко општество, исто толку и во Општата болница во Велес.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста