ТВ Алфа е отворена за сите учесници во изборниот процес

ТВ Алфа е отворена за сите учесници во изборниот процес

Земајќи ги предвид обврските од Изборниот законик, како и од Законот за медиуми и насоките од Агенцијата за ауди и аудиовизуелни медиумски услуги, околу покривањето на претстојните парламентарни избори, ТВ Алфа ги замолува сите учесници во изборниот процес; сите соопштенија, реакции, видео и аудио материјали на партијата односно коалицијата поврзани со предизборните активности да ги испраќаат на следните маилови: [email protected], [email protected] и [email protected].

Бидејќи ТВ Алфа нема доволно технички и кадровски капацитет за секојдневно покривање на сите 17 учесници во изборниот процес, замолуваме за соработка, со цел соодветно претставување и запазување на принципот на правичност и пропорционалност.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста