ДУИ си играше апсолутна власт- Села стана претседател на Собранието, Османи на државата, Бугарите влегоа во Уставот

ДУИ си играше апсолутна власт- Села стана претседател на Собранието, Османи на државата, Бугарите влегоа во Уставот

А како ДУИ го замислуваат денот после изборите? Зијадин Села на чело на Собранието, Бујар Османи во Вила Водно, Бугарите во Уставот.  „Европскиот фронт“ предводен од ДУИ денеска буквално си играше апсолутна власт во државата.  Направија симулацијата на првата конститутивната седница  по повод стартот на кампањата за парламентарните избори. Симулацијата на конститутивната седница на собранието ја отвори претседателот на ДУИ, Али Ахмети. Тој, откако ги поздрави пратениците и присутните, најпрвин избра двајца заменици – Фатима Османовска и Бејџан Иљаз, а потоа како прва точка на дневен ред ја предложи верификацијата на мандатите на пратениците избрани на парламентарните избори.

Втора точка на дневен ред на симулираната седница беше избор на претседател на законодавниот дом. На оваа функција, според симулацијата, беше избран Зијадин Села од Алијанса за Албанците, кој му се приклучи на „Европскиот фронт“ по расколот со Арбен Таравари.

Како трета точка на дневниот ред, беа предложени уставните амандмани со кои бугарите влегоа во Уставот. 

Четврта точка на дневниот ред беше свечената декларација на претседателот на македонија, а по говорот на Бујар Османи, првата конститутивна седница на импровизираното Собрание беше завршена.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста