Терористот од Виена е Фејзулаи Кујтим по потекло од тетовско Челопек

20-годишниот Кујтим Фејзулаи со потекло од тетовски Челопек,  е терористот кој е застрелан и убиен од австриската полиција по нападот во Виена.

Во македонските служби немало податоци за негово екстремистичко однесување, Австриската полиција веднаш стапила во контакт со полиција во Македонија и го утврдила неговиот идентитет.

Австриската полиција преку Европол достави барање за соработка и информации околу овој случај и од страна на  Секторот за меѓународна полициска соработка веднаш се постапува велат од МВР. 

Австрискиот  министерот за внатрешни работи  Карл Нехамер, извести дека на 25 април минатата година Фејзулаи бил осуден на 22 месеци затвор поради обид да отпатува во Сирија за да се приклучи на Исламската држава. Фејзулаи бил ослободен од затвор, условно, на 5 декември минатата година.

Според податоците на австриската полиција, терористот од Челопек имал австриско и македонско државјанство, роден и израснат во Виена.

Македонската влада го осуди нападот во Виена.. Османи и Димитров го изразија своето сочувство до семејствата на загинатите. Синоќа и премиерот Заев го осуди терористичкиот напад во Виена и изрази сочувство до австрискиот канцелар Себастијан Курц за жртвите и нивните семејства. Осуда за терористичкиот напад  имаше и од лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, кој побара Владата да им помогне на македонските државјани што се во Виена.

Во нападот се убиени 4 луѓе, а повредени се најмалку 17. Нападот се случил неколку часа пред новото затворање на Австрија поради високите бројки на заразени од Ковид. Местото на нападот е во близина на синагогата во Виена. Се истражува дали верскиот објект кој не работел бил првична цел на терористот.

Во меѓувреме, социјалните мрежи се преплавени со видеа од  двајца турски борци од ММА со привремено живеалиште во Виена, кои станаа херои поради нивната храброст. Тие спасуваат една постара жена и ранет полицаец за време на пукањето во центарот на градот.

– Херои од Виена!- пишуваат австриските граѓани по социјалните мрежи и ги слават  двајца Турци затоа што ги ризикуваа своите животи за да им помагнат на нивните сограѓани.

Викторија Миткова

https://www.youtube.com/watch?v=c6Tam1YVQds&feature=youtu.be
КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста