Каракачанов: На која основа тврдите дека Самоил, Кирил и Методиј и Климент Охридски се Македонци?

Во Скопје некој си замислува дека Бугарија ќе направи отстапки поради братски чувства и солидарност. Тие сметаат и дека некој однадвор ќе изврши притисок. Сепак, ова нема да се случи. Бугарското собрание нема да изгласа никакви отстапки од нашите позиции. Нови најави за вето од Бугарија за македонската евроинтеграција и првата меѓувладина конференција. Повторно во главна улога Красимир Каракачанов .

Бугарскиот министер за одбрана во интервју за телевизијата БТВ уште еднаш го спори македонскиот идентитет и јазик пред 1944. Постоело опасност доколку го признаат македонскиот јазик, Македонија да бара тој да се изучува во Благоевград и Ќустендил. Иако македонски јазик според каракачанов не постои. Уште еднаш истакнува дека се работи за бугарски дијалект.  

“Министер за одбрана на Бугарија – Ние бараме ако Република Северна Македонија решила да си создава нов идентитет да бидат добри и да го создаваат од моментот кога е создадена таа доктрина за посебна македонска нација. По 1944 година таа доктрина беше наложена во титова Југославија со оган и меч. Но пред 1944 година извинете. На која основа ќе тврдиш дека Цар Самоил е некаков Македонец? На кјоја основа ќе ми тврдиш дека браќата Миладиновци, Кирил и Методиј, Климент Охридски … На самата црква на Свети Климент во Охрид пишува Климент од родот на Мизите. Јас не знаев дека Мизија била во Охрид. Сите знаеме каде е Мизија во Северна Бугарија”, рече Кракачанов.

На македонско-бугарските односи се осврнува и германски Франкфуртер Алгемајне цајтунг. Според овој медиум барањата на Бугарија кон Македонија не му припаѓаат на 21 век.

“Во сите шест земји на Западниот Балкан кон бугарската политика се гледа со загриженост: Доколку во иднина сите земји-членки посакаат да им го наметнат својот поглед на историјата на земјите-кандидати, проширувањето ќе стане невозможно, затоа што и меѓу други земји во регионот постојат противречни историски наративи”, пишува Франкфуртер Алгемајне цајтунг.

За историската вистина која ја наметнува Бугарија на Твитер со негов став се јави и поранешниот шведски премиер Карл Билд.

“Ако некој напредок кон Европската унија на Балканот зависи од една или друга држава која наметнува некаква ’историска вистина‘, можеме да бидеме сигурно дека ништо нема да се случи за следната или дури за следните две генерации” , напиша Билд.

Пред два дена бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева изјави дека ако Македонија ги признае бугарските корени нема да има вето. Од Брисел доаѓаа сигнали дека Софија е подготвена на компромис да ги признае македонскиот јазик идентитет доколку Македонија признае дека тие имаат бугарски корени. Македонската влада веќе истакна дека ова не е прифатливо.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста