Светски ден на лицата со Даунов синдром, да ставиме крај на стереотипите

Светски ден на лицата со Даунов синдром, да ставиме крај на стереотипите

За штипјанецот Дарко Трајков, Дауновиот синдром воопшто не преставува проблем за остварување на неговите соништа. Иако без формално образование за ликовна уметност, денеска со својата изложба „Едно ветување„ тој ги сруши сите бариери и предрасуди поврзани со луѓето родени со дополнителен хромозом.

  „Имам цртано слики, повеќе од една година и ова што го гледате е моја изработка. Многу сум горд на ова што го работам„ изјави Дарко Трајков, автор на изложбата.

Дарко има 36 години и 15 години работи како графичар во печатница. Добро е прифатен од средината и пријателите. Но, не секое лице со Даунов синдром работи и финансиски е независно од своето семејство, објаснува мајката на Дарко. Голема нелогичност има во  посебниот додаток што го добиваат од државата, а го губат веднаш штом ќе наполнаат 26 години.  

  „Децата не престануваат да бидат лица со потешкотии  по 26години. Тие се така цел живот. Тоа е состојба, а не болест која се лекува и затиоа мора да се исправи оваа нелогичност„ смета Катица Трајкова.  

Во Македонија нема регистер за бројот на лицата со Даунов синдром. Се соочуваат со бавна проценка и со недоволен број на асистенти. Среќата што ја има Дарко, не важи за сите. Голем дел од нив се уште се стигмтизирани и не можат да го најдат својот пат под сонцето. 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста