Отстранети знамињата на Албанија и ОНА од тетовското кале

Отстранети знамињата на Албанија и ОНА од тетовското кале

Знамињата се отсранети, но остана горчливиот вкус од најновата провокација на тетовското кале. Се уште не се знае кој ги постави знамињата на Албанија и „УЧК“ кои се развиорија вчера доцна попладнето на црквата Св. Атанасиј и на калето во Тетово.. Сквернавењето го пријавил црковниот одбор кој го надгледува верскиот објект.  

  • „Вчера попладне во 17 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавено е дека непознати сторители на куполата од црквата “Свети Атанасиј” во истоимениот манастирски комплекс на тетовското Кале поставиле национално знаме на Република Албанија, а на метален столб на влезот во Калето било истакнато знаме со натпис УЧК“ вели Марјан Јосифоски – Портпарол на СВР Тетово.

Поставувањето знаме на Албанија се повторува низ годините наназад во манастирскиот комплекс на тетовското кале. Речиси секоја година после 14 март, се случуваат вакви провокации со кои се алудира на почетокот на воените дејствија во Тетово во 2001 година.

Сличен инцидент се случи и кон крајот на ноември, минатата година, кога беше симнато знамето на македонската православна црква-Охридска архиепископија, од јарболот во дворот на манастирот „Свети Наум охридски-чудотворец“ на Попова Шапка.

Знамето беше фрлено, а на негово место беше ставено, знамето на Албанија. Тетовската полиција тогаш брзо реагираше и за смо неколку часови го приведе сторителот, 33 –годишник од Мала Речица.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста