Не се одржа денешното рочиште од процесот за случајот Пендиков

Не се одржа денешното рочиште од процесот за случајот Пендиков

Поради отсуство на второобвитениотБорче Ангелов од Битола, се одложи рочиштето од судскиот процес за случајот Пендиков.Во судницата не се појавија нити двајца сведоци. На барање на судијата, на наредното рочиште закажано за 16-ти април, тие ќе бидат спроведени со полициска асистенција.

Сметам дека се работи за купување на време дека намерно го одолговлекуваат процесот.Усно на рочиштето претходно беа известени дека ова рочиште ќе се одржи денес во 12 часот– рече Стефан Камишевски,адвокат на Пендиков

Но на денешната главна расправа беше отсутен и Христијан Пендиков,неговиот адвокат потврди дека тој повеќе нема да доаѓал бидејќи бил сослушан,ќе се појавел само доколку имало потреба од дополнителни прашања поврзани со тепачката. Неговиот адвокат приложи невропсихијатриско вештачење и оштетено побарување во висина од 20.000 евра.

 Има нешто што вака привично ми падна во очи по однос на психијатриското вештачење кога невропсихијатар вештачи за физичката болка.Невропсихијатар може да вештачи само за душевната болка, а за физичка болка треба друг вид на специјалист да вештачи,така да ќе видиме во понатамошнот тек на постапката –рече Димитрија Цобоски,адвокат на обвинетите

Судскиот процес по низа одлагања почна пред една година,сеуште се изведуваат доказите на обвинителството, а потоа со свои аргументи ќе настапи одбраната на двајцата обвинети Илија Спасески од Охрид  и Борче Ангелов од Битола, кои се теретат за исто кривични дело, нанесување на тешка телесна повреда.

Инаку пред почетокот на денешната расправа една од бугарските новинарки не дозволи судската полиција да изврши претрес на личните работи со кои влезе во судницата.

Росица Голобоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста